Објавено на 24 Мај, 2025 во Вести
Денеска се одиграа трите бараж натпревари за пополнување на Втора македонска фудбалска лига.
Пласман во Втората лига за следната сезона обезбедија Шкендија Арачиново, Слога Виница и Тетекс.
Во Кавадарци, Шкендија Арачиново со 2:1 успеа да слави против Осогово и со тоа да обезбеди промоција во Втора МФЛ.
Тимот од Арачиново со голот на Ѓорѓиоски во 37. минута од пенал дојде во водство од 1:0. Осогово израмни во 52. минута со голот на Симоски, а победата за Шкендија ја донесе Иљази во 59. минута за 2:1.
На тренинг центарот “Петар Милошевски”, Слога Виница беше убедлива против Преспа, славеше со 3:0 и се врати во ВМФЛ.
На стадионот во Ѓорче Петров, Тетекс до 87.минута имаше сигурни 2:0, но тимот на Горно Коњари со два гола за три минути израмни на 2:2 и следуваа изведуваат пенали.
Во пенал - серијата поуспешни беа фудбалерите на Тетекс кои во следната сезона ќе играат во Втората лига по пауза од една година.