Објавено на 11 Јуни, 2014 во Вести, Вести
Младиот фудбалер на Работнички во последните неколку месеци одигра голем број натпревари за неговиот клуб и за младинските национални селекции и стручниот штаб во репрезентацијата одлучи дека интерес на тимот и на фудбалерот е да го заштити од дополнителен физички притисок. Тауљан Сулејманов дебитираше за А репрезентацијата на Македонија на контролниот натпревар против Камерун во Австрија и со 17 години стана најмладиот репрезентативец во историјата на нашиот фудбал.
Македонската репрезентација составена од играчи од домашното првенство pрвиот натпревар против Кина го игра на 18 јуни во кинескиот Шенјанг, во Џинан на 22 јуни двете селекции ќе го одиграат вториот меѓусебен дуел.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....