Објавено на 30 Септември, 2019 во Вести
Оваа година Фудбалската федерација на Македонија го поддржува Светскиот Ден на Срцето, најголемата платформа во светот за подигнување на свесност за кардиоваскуларните заболувања.
Под покровителство на Светската федерација на срцето и УЕФА, Денот на Срцето се одбележува на 29. септември секоја година и се труди да ги поттикне поединците и заедницата, вклучувајќи ги фудбалските организации со цел да го подобриме квалитетот на нашиот живот и да го заштитиме нашето срце.
Кардиоваскуларните заболувања се причина за речиси половина од смртните случаи. Секоја година 17.9 милиони луѓе умираат како последица од срцеви заболувања.
Позитивните вести се дека со едноставни промени во нашиот секојдневен животен стил можеме да придонесеме во намалување на ризиците кој ги носат кардиоваскуларните заболувања.
Оваа година Фудбалската федерација на Македонија бара од фудбалското семејство:
- Ветување кон своите семејства дека ќе готват и ќе се хранат здраво;
- Ветување кон нашите деца дека ќе ги поттикнуваат на физички вежби и активен животен стил;
- Ветување од нашите фанови дека ќе пешачат, ќе користат велосипед и јавен транспорт за да стигнат на фудбалските натпревари;
- Ветување на фудбалерите да ја користат моќта на фудбалот за да ги поттикнат другите да водат поздрав живот;
- Ветување на фудбалските организации дека ќе ги штитат навивачите од пасивно пушење на фудбалските стадиони;
Заедно можеме да ги едуцираме, инспирираме и мотивираме луѓето и да создаваме светска заедница на херои на срцето.
Придружете се кон кампањата и споделете го вашето ветување кон срцето со изведување на <♥> гестот и споделете на социјалните мрежи со употреба на Хаштагот #WorldHeartDay.
Можете да ги следите објавите на Светскиот Ден на Срцето на социјалните медиуми следејќи ги следните профили:
·Facebook: /worldheartday
·Twitter: @worldheartfed
·Instagram: @worldheartday