Суперкуп На Македонија – Вардар Против Работнички

Објавено на 22 Септември, 2015 во Вести

Баже Илијоски: Вардар е посебен предизвик

На 23. септември на Националната арена „Филип Втори“ ќе се одигра третиот Суперкуп на Македонија. Во борбата за трофејот ќе се сретнат освојувачот на Купот на Македонија, Работнички и шампионот, екипата на Вардар.

Во првото издание од натпреварувањетона Националната Арена „Филип Втори“во натреварувачката сезона 2010/2011 играа тогашниот шампион Шкендија и Металург, тимот што таа година беше освојувач на купот. На крајот победи шампионот со 2-1, а головите за Шкндија ги постигнаа Наби Мустафи во 6. минута од пенал и Ерсан Сали во 84. минута. Почесниот гол за тимот на Металург во 87. минута беше дело на  Љубомир Стевановиќ по одлично изведениот слободен удар.  

По пауза од една година се одигра вториот македонски Суперкуп. На 23. јули 2013 година тогашниот македонски шампион, Вардар со голот на Петров во 54. минута беше подобар од тимот на Тетекс и славеше минимална победа од 1-0.

Капитенот на Работнички и првиот стрелец во овогодишната успешна европска одсеја на „романтичарите“, Баже Илијовски очекува повторување на игрите од настапите во Европа и интересен натревар.

Дулеите со градскиот ривал носат посебен шмек.  Како што знаете зад нас е успешна европска сезона,  од друга страна нашиот противник во Суперкупот, сезоната во Првата лига ја започна одлично. Ова самото по себе е најава за одчичен натревар. Очекувам интресна и неизвесна фудбалска претства во убав спортски амбиент. Нека победи подобриот“, порачува фудбалерот со големо искуство кога се во прашање ваквиот тип на натревари.

Билетите може да се купат  преку продажната мрежа на MK tickets по цена од 100 денари.




   
   
А репрезентација