Судиска анализа за финале Куп на Македонија и бараж за Прва МФЛ

Објавено на 22 Мај, 2023 во Вести


Судиската комисија ги разгледа спорните моменти од финалето на Купот на Македонија и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК Македонија Ѓ.П. - ФК Струга Трим Љум одигран на 20.05.2023 година, анализирана е ситуацијата од 26. минута.

Главен судија: Игор Стојчевски; Помошни судии: Даниел Василевски и Ристе Ѓорѓиев; Четврти судија: Крумислав Ѓорѓиев;

26. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал)

Играч од екипата на домаќините ја прими топката надвор од шеснаесетникот на гостите и упати удар кон голот на гостите, упатената топка во шеснаесетникот удри во рака на играч од екипата на гостите, кој направи движење со телото и раката кон топката и со тоа презема ризик, потоа топката го смени правецот на движење и отиде во корнер.

Исправна  одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на домаќините и жолт картон за играчот на гостите, бидејќи  играше со рака на недозволен начин, спуштајќи го телото и раката кон топката.

Судиска анализа за Бараж натпревар за 1 Мфл за сезона 22/23

Судиската комисија ги разгледа спорните моменти од Бараж натпреварот за 1 МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК Скопје - ФК Вардар одигран на 21.05.2023 година, анализирани се ситуациите од 21. и 35. минута.

Главен судија: Александар Ставрев; Помошни судии: Дејан Костадинов и Слаѓан Марковски; Четврти судија: Марјан Младеновски;

21. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција) 

Играч од екипата на гостите центрираше топка во шеснаесетникот на домаќините, негов соиграч ја удри топката со глава кон голот на гостите, голманот кратко ја одби топката која дојде до друг играч од екипата на гостите и постигна гол.

Исправна одлука на првиот помошен судија, досуден индиректен слободен удар за екипата на домаќините (офсајд позиција), бидејќи играчот на екипата на гостите кој постигна гол се наоѓаше пред претпоследниот играч од одбраната на домаќините во моментот кога неговиот соиграч ја упати топката со глава кон голот на домаќините.

35. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен ЦРВЕН картон)

Играта беше во прекин, од трибината каде што се наоѓаа симпатизерите на екипата на гостите беше фрлено недозволено пиротехничко средство (факел) во теренот за игра, потоа играч од екипата на домаќините го зема факелот и го фрли кон трибината каде се наоѓаа симпатизерите на гостинската екипа.

Исправна одлука на главниот судија, доделен црвен картон за играчот на домаќините, поради неспортски однос (фрлање факел кон гостински симпатизери).

Како судиска комисија сакаме да им честитаме на одличната и беспрекорна арбитража на судиските тимови од финалето на Купот и бараж натпреварот.




   
   
А репрезентација