Објавено на 04 Октомври, 2023 во Вести
Судиска анализа за 9. коло од ПРВА МФЛ за сезона 23/24
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 9. коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Гостивар - ФК Шкендија одигран на 01.10.2023 година, анализирана е ситуацијата од 23. минута.
Главен судија: Јован Качевски; Помошни судии: Разме Бакрачески и Мартин Дејаноски;
23. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за гостинската екипа при резултат 1:0 за домашната екипа)
Играч на гостинската екипа додаде топка до свој соиграч во шеснаесетникот на домашната екипа, соиграчот ја прими топката, си ја додаде странично топката и потоа играч од домашната екипа со телото, од зад грб на играчот направи недозволен старт (туркање).
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа и доделен жолт картон за играчот на домаќините (спречување ветувачка акција) поради недозволен старт туркање со телото противнички играч од зад грб.
На натпреварот ФК Брегалница - ФК Вардар одигран на 01.10.2023 година, анализирани се ситуациите од 54. и 90+3 минута.
Главен судија: Стојан Трпчевски; Помошни судии: Слаѓан Марковски и Дарко Јовчевски;
54. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден слободен удар пред линијата на шеснаесетникот на гостинската екипа)
Играч на домашната екипа беше во посед на топка пред шеснаесетникот на гостинската екипа, гостинскиот играч сакајќи да ја избие топката направи недозволен старт (на ногата на противникот) пред самата линија од шеснаесетникот .
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за домашната екипа поради недозволен старт на играч на гостите над противнички играч.
Главниот судија беше добро поставен, со јасна прегледност на ситуацијата и донесе одлична одлука досудувајќи слободен удар.
90+3 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА И СОРАБОТКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА И ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (поништен гол за домашната екипа поради офсајд позиција при резултат 0:0)
Центрирана топка во шеснаесетникот на гостинската екипа, голманот на гостите кратко ја одби топката која удри во телото на домашен играч и истата дојде до друг играч од екипата на домаќините, кој во моментот кога топката се одби од телото на неговиот соиграч се наоѓаше во очигледна недозволена офсајд позиција (зад претпоследниот играч од одбраната на гостите)
Исправна одлука и одлична соработка на главниот судија со вториот помошен судија, голот беше исправно поништен поради офсајд позиција, бидејќи топката кога се одби од телото на играчот на домаќините, неговиот соиграч се наоѓаше во очигледна офсајд позиција (зад претпоследниот играч од одбраната на гостите).
На натпреварот ФК Шкупи - ФК Струга Трим Лум одигран на 01.10.2023 година, анализирани се ситуациите од 63 и 90+4 минута.
Главен судија: Александар Грујоски; Помошни судии: Куштрим Лика и Давор Цветановски;
63. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за домашната екипа и доделен втор жолт - ЦРВЕН картон за играч на гостинската екипа, при резултат 1:0 за домашната екипа)
Играч на домашната екипа додаде топка до свој соиграч во шеснаесетникот на гостинската екипа, играчот на домаќините ја прими топката и во тој момент гостински играч невнимателно со недозволен старт направи прекршок (на ногата) на противникот.
Исправна одлука на главниот судија што досуди пенал за домашната екипа поради недозволен старт со посилен интензитет на ногата на противникот и доделен жолт картон за играчот на гостите, бидејќи тоа му беше втор жолт картон на играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.
90+4 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА, СО ИСПРАВНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ОД ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досуден пенал за домашната екипа, со брза и одлична интервенција од првиот помошен судија за промена на одлука на главен судија, да се поништи пеналот, при резултат 2:0 за домашната екипа)
Играч на домашната екипа беше во посед на топка странично во шеснаесетникот на гостинската екипа, гостинскиот играч кој се наоѓаше до него минимално го допре со нога противничкиот играч и истиот падна.
Погрешна одлука на главниот судија што досуди пенал за домашната екипа бидејќи немаше елементи за пенал, меѓутоа по брза асистенција и комуникација со првиот помошен судија, одлуката исправно беше преиначена, пеналот беше поништен и досудено беше судиска топка.
Одлична интервенција и одлука на првиот помошен судија.
На останатите натпревари од ПРВА МФЛ, немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Судиска анализа за 7. коло од ВТОРА МФЛ за сезона 23/24
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 6. коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Вардар Неготино - ФК Пелистер одигран на 30.09.2023 година, анализирана е ситуацијата од 19. минута.
Главен судија: Марјан Младеновски; Помошни судии: Петар Новачев и Роберт Црвенов;
19. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за гостинската екипа при резултат 0:0)
Играч од екипата на гостите беше во посед на топката во шеснаесетникот на домашната екипа, противнички играч направи лизгачи старт и чисто ја изби топката во корнер, каде по стартот играчот на гостите падна.
Исправна одлука на главниот судија што досуди корнер за гостинската екипа, бидејќи стартот на домашниот играч беше чист и топката беше избиена без да има контакт со ногата на противничкот играч (немаше елементи за пенал)
На натпреварот ФК Беласица - ФК Охрид одигран на 30.09.2023 година, анализирана е ситуацијата од 2 и 90+3 минута.
Главен судија: Фуркан Идризи; Помошни судии: Идриз Идризи и Хабиљ Ливорека;
2. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за домашната екипа при резултат 0:0)
Центрирана топка во шеснаесетникот на гостинската екипа, играч на гостинската екипа ја изби топката со нога која потоа удри во неговото тело. Главниот судија ја прекина играта и досуди пенал за домашната екипа.
Погрешна одлука на главниот судија што досуди пенал за домашната екипа, бидејќи играчот на гостите ја изби топката на регуларен начин и немаше никакви елементи за да се досуди пенал.
90+3 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ЗА ДОДЕЛЕНИ ДИСЦИПЛИНСКИ МЕРКИ ПРИ МАСОВНА КОНФРОНТАЦИЈА (доделен ЦРВЕН картон на играч на домашната екипа и доделени втори жолти - ЦРВЕНИ картони за по еден играч од домашната и гостинската екипа)
Играч на домашната екипа на неспортски начин со насилничко однесување удри противнички играч без посед на топката, потоа станува масовна конфронтација помеѓу играчи од двете екипи.
Исправна одлука на главниот судија, доделен ЦРВЕН картон за играчот на домаќините поради насилничко однесување (удирање противнички играч без посед на топка) и потоа во конфронтацијата доделени се по два жолти картони на играчи кои имаа веќе по еден картон и автоматски им беа доделени ЦРВЕНИ картони за два играча од обете екипа, поради неспортско однесување.
На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....