Објавено на 07 Септември, 2023 во Вести
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 6 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот Фк.Вардар-Фк.Македонија Ѓ.П одигран на 02.09.2023 година, анализирана е ситуацијата од минута.
“Главенсудија: Марјан Младеновски. Помошни судии: Слаган Марковски и Дејан Димитриевиќ.
23 минута ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа)
Играч на домашната екипа центрираше од корнер, топката дојде до негов соиграч, истиот ја удри со глава кон голот на гостинската бекипа и потоа играч на гостинската екипа кој беше на 3 метри растојание од противничкиот играч ја спречи топката со рака, која му беше во неприродна положба (широко од телото).
Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен, близу акцијата и имаше одличен преглед.
На натпреварот Фк.Гостивар-Фк.Силексодигран на 02.09.2023 година, анализирана е ситуацијата од минута.
“Главенсудија: Димитар Пилешков. Помошни судии: Христијан Џонов и Роберт Црвенов.
45+2 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА И СОРАБОТКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА И ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За доделен втор жолт- ЦРВЕН картон за гостински играч)
Играч од екипата на домакините на 25 метри од својот гол сакајки да додаде топка до свој соиграч погреши во додавањето, топката ја зема играч од гостинската екипа и кога беше во ветувачка акција (малку странично и понапред од него се наоѓаше противнички играч) над него (на нога) стартуваше со лизгачки старт противнички играч и направи прекршок.
Погрешна одлука и соработка помеѓу главниот судија и вториот помошен судија, главниот судија играта ја прекина, досуди индиректен слободен удар за домашната екипа и додели жолт картон за гостинскиот играч поради симулација. Во оваа ситуација требаше да се досуди слободен удар за гостинската екипа и да се додели жолт картон за играчот на домакините поради недозволен старт и спречување ветувачка акција.
Главниот судија е далеку од ситуацијата и нема добра и јасна прегледност, исто така и вториот помошен судија му ја потврдува погрешната одлука иако е одлично поставен и има чиста прегедност на целата ситуација.
73 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За досуден пенал за гостинската екипа)
Играч од екипата на гостите беше во посед на топката и влезе во 16-сетникот на домашната екипа странично од голот, играчот на домашната екипа сакајки да ја удри топката направи недозволен старт на ногата на противникот без да игра со топката.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа, поради недозволен старт на нога на играч од домашната екипа над гостински играч.
На натпреварот Фк.А.П. Брера– Фк.Работнички одигран на 02.09.2023 година, анализирана е ситуацијата од 74 минута.
“Главенсудија: Ндерим Тефику. Помошни судии: Даниел Василевски и Бранко Путилин.
74 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( За досудена офсајд позиција за гостинската екипа- напаѓач од гостинската екипа се наоѓа во очигледна шанса за гол)
Играч од гостите додаде топка до свој соиграч кој се наоѓаше пред 16-сетникот на домашната екипа, во моментот на додавањето на топката играчот на гостинската екипа се наоѓаше во дозволена позиција, односно предпоследниот играч од одбраната на домашната екипа закасни со правење офсајд замка, играчот на гостите ја прими топката и кога излезе во очигледна шанса за гол, вториот помошен судија го подигна знаменцето сигнализирајки офсајд позиција.
Погрешна одлука на вториот помошен судија што досуди офсајд позиција и ја прекина очигледната шанса за гол на гостите, бидејки играчот на гостите во моментот кога му беше додадена топката од својот соиграч се наоѓаше во дозволена позиција (предпоследниот играч од екипата на домакините закасни со правење офсајд замка).
На натпреварот Фк.Шкендија -Фк.Шкупи одигран на 02.09.2023 година, анализирана е ситуацијата од 69 минута.
“Главенсудија: Александар Грујоски. Помошни судии: Давор Цветановски и Мартин Дејаноски.
69 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашна екипа)
Играч од екипата на домакините беше во поседн на топката и влезе странично во 16-сетникот на гостинската екипа, играчот си даде дилг фор и во тој момент дојде до минимален контакт од противнички играч рамо со рамо (ремплање) и играчот на домашните падна користејки го тој контакт.
Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи, бидејки контактот беше минимален и недоволен за пенал.
На натпреварот Фк.Струга Трим Лум -Фк.Тиквеш одигран на 04.09.2023 година, анализирани се ситуациите од 20, 39, 54, 59 и 63 минута.
“Главенсудија: Јосип Бартон. Помошни судии: Дарко Јовчевски и Александар Ѓорѓески.
20 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашна екипа)
Играч на домашната екипа во полн спринт продира во 16-тникот на гостинската екипа, кога се најде веќе со цело тело пред одбрамбениот играч на гостинската екипа, играчот од одбраната прави движење во напаѓачот и неспретно го закачува со колено во коленото на напаѓачот кој по тој прекршок паѓа и одбрамбениот играч паѓа врз него.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа поради недозволен старт на играч на гостинската екипа над играч на домашната екипа.
Во оваа ситуација главниот судија досудува пенал со мало закаснување, поради консултација со вториот помошен судија.
39 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За доделен втор жолт- ЦРВЕН картон на играч на гостинската екипа)
Играч на домашната екипа беше во поседн на топка на средина на теренот, играч на гостинската екипа на недозволен начин со две раце го влечеше домашниот играч спречувајки го во акцијата и направи прекршок.
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за домашната екипа и доделен жолт картон за гостинскиот играч поради недозволен старт (влечење на противник), бидејки тоа му беше втор жолт картон на играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.
54 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (за недосуден пенал за домашната екипа)
Играч на домашната екипа во гостинскиот 16-тник со дриблинг сака да се ослободи од играч на гостинската екипа кој прави лизгачки старт, во дриблингот од многу кратко растојание топката удира во рака на гостинскиот играч, чија рака се наоѓа во природна положба за таа акција, без зголемување на волумен и како потпора на телото при падот.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки раката на играчот при лизгачкиот старт се наоѓаше во природна положба за тој старт ( нема зголемување на волумен на рака).
59 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За доделен втор жолт- ЦРВЕН картон за играч на домашната екипа)
По изгубена топка од страна на домашните напаѓачи, играч на гостинската екипа ја пресекува топката и во полн спринт беше спречен од играчот на домашната екипа, кој со тело напрваи недозволен старт и не дозволи брз контранапад за гостинската екипа, односно спречи ветувачка акција.
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за гостинската екипа и доделен жолт картон за играчот на домакините поради недозволен старт спречувајки ветувачка акција, бидејки тоа му беше втор жолт картон на играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.
63 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА И СОРАБОТКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА СО ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( За досуден пенал за домашната екипа)
Играч на гостинската екипа во својот 16-тник сака да ја избие топката, но играч на домашната екипа реагира побрзо и прв стига до топка, потоа гостинскиот играч место да ја избие топката го шутнува (фаулира) домашниот играч.
Исправна одлука на главниот судија и одлична соработка со првиот помошен судија (има одлична прегледност и му помогна на главниот судија при одлуката), досуден пенал за домашната екипа поради невнимателен старт на гостински играч над играч на домашната екипа.
Судиска анализа за 4 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 23/24
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 4 коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот Фк. Башкими – Фк.Беласица одигран на 03.09.2023 година, анализирана е ситуацијата од 89 минута.
“Главенсудија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошни судии: Александар Ајдаров и Дарко Видиниќ.
89 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За доделен ЦРВЕН картон на играч на домашната екипа)
Во еден брз контранапад, играч од гостите беше во посед на топката и во очигледна шанса за гол ( сам пред голманот на гостите) пред 16-сетникот на гостинската екипа, предпоследниот играч од екипата на домашните направи недозволен старт од позади грб (влечење) спречувајки ја акцијата..
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за гостинската екипа и доделен ЦРВЕН картон за играчот на домакините, поради недозволен старт од позади грб (влечење) и спречување очигледна шанса за гол (играч излага сам пред голман).
На натпреварот Фк.Охрид - Фк.Вардар Неготино одигран на 03.09.2023 година, анализирани се ситуациите од 30 и 75 минута.
“Главенсудија: Александар Василевски. Помошни судии: Александар Недевски и Виктор Здравев.
30 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( За погрешно досудена офсајд позиција на домашен играч, поништен регуларен гол на домашна екипа)
Играч од екипата на домакините центрираше топка во 16-сетникот на гостинската екипа, топката дојде до негов соиграч кој постигна гол.
Погрешна одлука на првиот помошен судија што досуди офсајд позиција на играчот на домакините, бидејки во моментот на додавањето на топката од својот соиграч, играчот се наоѓаше во дозволена позиција, односно пред предпоследниот играч од одбраната на гостите. Поништениот гол е регуларен.
75 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА , МЕЃУТОА ПОГРЕШНО МЕНАЏИРАЊЕ СО ДИСЦИПЛИНСКА МЕРКА (За досуден пенал за домашната екипа и недоделен ЦРВЕН картон на гостински играч)
Играч на домашната екипа центрираше во 16-сетникот на гостинската екипа, топката дојде до негов соиграч кој се наоѓаше сам пред голманот на гостите,пред просторот од 5,5 метри централно од голот,односно во очигледна шанса за гол. Играчот пред да ја шутне топката кон голот, беше повлечен од позади грб од противнички играч и беше спречен да ја шутне топката кон голот .
Исправна одлука на главниот судија , досуден пенал за екипата на домакините поради влечење од позади грб и спречување очигледна шанса за гол (сам пред голман)на играч на гостите над противнички играч, меѓутоа главниот судија во оваа ситуација не додели никаква дисциплинска мерка, а требаше да додели ЦРВЕН картон за играчот на гостите, поради спречување очигледна шанса за гол.
Главниот судија беше одлично поставен и беше близу настанот, но донесе погрешна одлука за дисциплинска мерка.
На натпреварот Фк Скопје - Фк. Караорман одигран на 03.09.2023 година, анализирана е ситуацијата од 2 минута.
“Главенсудија: Дени Лековски. Помошни судии: и Николче Николески.
2 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа)
Играч од екипата на домакините во негов 16-сетник сакаше да ја избие топката надвор од 16-сетникот, кога ја изби таа удри во тело на противнички играч и потоа во раката на свој соиграч, сите тројца беа близу и на кратко растојаните.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки во оваа ситуација немаше елементи да се досуди пенал за домашната екипа.
Главниот судија беше одлично поставен, имаше целосна прегледност и јасно покажа со рацете играта да продолжи.
На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ , немаше спорни ситуации за судиска анализа.