Судиска анализа за 24. коло на Прва МФЛ и 21. коло на Втора МФЛ

Објавено на 20 Март, 2024 во Вести


Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 24. коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот Фк.Македонија Ѓ.П - Фк.Тиквеш одигран на 16.03.2024 година, анализирани се ситуациите од 35 и 53 минута.

Главен судија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошни судии: Владимир Митревски и Петар Степаноски.

35 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)

Играч на домашната екипа беше во посед на топка во шеснаесетникот на гостинската екипа, противнички играч направи направи лизгачки старт на ногата на противникот притоа играјки минимално  со топката која остана во посед на домашниот играч и не смени правец.

Исправна одлука на главниот судија  што досуди пенал за домашната екипа, бидејки стартот на гостинскиот играч беше на ногата на противникот иако притоа минимално ја допре топката, во оваа ситуација топката не смени правец на движење, односно остана близу играчот на домашната екипа.

53 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 1:0)

Играч на домашната екипа беше во посед на топка и во налет странично во  шеснаесетникот на гостинската екипа, голманот на гостинската екипа направи лизгачки старт сакајки да ја избие топката со рака, играчот на домаќините ја удри топката на страна и со другата нога направи контакт во телото на голманот.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, дуелот беше коректен, бидејки играчот на домашната екипа со ногата направи движење во телото на голманот, односно сакаше да изнуди контакт.

На останатите натпревари од 1 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

 

            Судиска анализа за 21 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 23/24 

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 21 коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот Фк. Беласица-Фк.Осогово одигран на 17.03.2024 година, анализирана е ситуацијата од 80 минута.

Главен судија: Игор Стојчевски. Помошни судии: Бранко Путилин и Матрин Петковски.

80 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА  (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:1)

Играч на домашната екипа странично во шеснаесетникот на гостинската екипа ја имаше топката во посед, играчот ја удри топката на страна и во тој момент гостински играч направи закаснет недозволен старт на ногата на противникот, правејки прекршок.

Исправна одлука на главниот судија што досуди пенал за домашната екипа, бидејки играчот на гостите направи недозволен старт на ногата на противникот.

На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.




   
   
А репрезентација