Објавено на 22 Февруари, 2024 во Вести
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 19 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот Фк.Гостивар– Фк.Вардар одигран на 17.02.2024 година, анализирана е ситуацијата од 7 минута.
“Главенсудија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Даниел Василевски.
7 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За сигнализирано офсајд позиција на гостински играч и исправно поништен гол, при резултат 0:0)
Центрирана топка во 16-сетникот на домашната екипа, топката дојде до играч на гостинската екипа кој постигна гол.
Исправна одлука на првиот помошен судија, сигнализирано офсајд позиција на играчот на домашната екипа, бидејки на моментот на додавање на топката од својот соиграч, играчот се наоѓаше позади претпоследниот играч од одбраната на домакините. Голот исправно беше поништен и досудено идиректен слободен удар за домашната екипа
На натпреварот Фк.Македонија Ѓ.П-Фк.Шкендија одигран на 18.02.2024 година, анализирана е ситуацијата од 27 минута.
“Главенсудија: Стојан Трпчевски. Помошни судии: Слаѓан Марковски и Драган Трпчевски.
9 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За досуден пенал за гостинската екипа,при резултат 0:0)
Играч на гостинската екипа прими топка од свој соиграч во 16-сетникот на домашната екипа близу попречната линија, играч на домашната екипа сакајки да ја избие топката стартуваше со недозволен лизгачки старт на ногата на противникот без притоа да игра со топката и направи прекршок.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за екипата на гостите, поради недозволен старт на играч на домашната екипа над противнички играч.
На натпреварот Фк.Работнички -Фк.Струга Трим Лум одигран на 18.02.2024 година, анализирана е ситуацијата од 50 минута.
“Главенсудија: Димитар Пилешков. Помошни судии: Кристијан Џонов и Андреј Ќамилов.
ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За недосуден пенал за домашната екипа,при резултат 0:0)
Во 16-сетникот на гостинската екипа,играч на домакините упати топка кон свој соиграч, која при додавањето удри во раката на противнички играч која му беше во природна положба, близу телото.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки топката удри во раката на гостинскиот играч која беше во природна положба, близу телото и немаше зголемен волумен на раката.
На останатите натпревари од 1 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Судиска анализа за 16 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 23/24
Судиска комисија ги разгледа спорните
моменти од 16 коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот Фк. Охрид – Фк.Башкими одигран на 17.02.2024 година, анализирана е ситуацијата од 7 минута.
“Главенсудија: Сашко Ристов. Помошни судии: Николче Николоски и Михаил Џорлев.
7 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА За сигнализирано офсајд позиција на гостински играч и исправно поништен гол, при резултат 0:0)
Од слободен удар играч на гостинска екипа центрираше топка во 16-сетникот на домашната екипа, тројца играчи од гостинската екипа при центаршутот се наоѓаа во недозволена офсајд позиција, топката се се одби од играч на екипата на домакините и дојде до еден од играчите кој се наоѓаше во офсјд позиција и постигна гол.
Исправна одлука на вториот помошен судија, сигнализирано офсајд позиција на играчот на гостиската екипа, бидејки во моментот на центаршутот од својот соиграч, играчот на гостите кој постигна гол се наоѓаше позади претпоследниот играч од одбраната на домакините. Голот исправно беше поништен и досудено идиректен слободен удар за домашната екипа.
На натпреварот Фк.Скопје-Фк.Саса одигран на 17.02.2024 година, анализирана е ситуацијата од 55 минута.
“Главенсудија“: Александар Урошевиќ. Помошни судии: Дарко Јовчевски и Идриз Идриз.
55 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 1:0)
Играч на гостинската екипа беше во посед на топка во 16-сетникот на домашната екипа, играч на домашната екипа направи лизгачки старт со појак интензитет и ја изби топката без притоа да направи прекршок, по што играчот на гостите падна.
Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи бидејки стартот на домашниот играч беше коректен, односно топката беше избиена без прекршок.
69 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден слободен удар (игра со рака) на домашен играч и исправно поништен гол, при резултат 1:0)
Играч од домашната екипа прими топка во 16-сетникот на гостинската екипа, меѓутоа играчот топката ја смири со рака и потоа постигна гол.
Исправна одлука на главниот судија, голот беше поништен поради игра со рака на играчот на домакините кој го постигна голот и беше досуден слободен удар за екипата на гостите.
На натпреварот Фк.Арсими – Фк.Новаци одигран на 17.02.2024 година, анализирана е ситуацијата од 11 минута.
“Главенсудија: Доне Ристовски. Помошни судии: Роберт Црвенов и Иван Танев.
11 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0 )
Играч на домашната екипа беше во посед на топка и во налет пред 16-сетникот на гостинската екипа, пред самата линија од 16-сетникот над него беше направен недозволен старт од противнички играч.
Исправна одлука на главниот судија што досуди прекршок, меѓутоа погрешна одлука на судијата што досуди пенал за домашната екипа, бидејки стартот беше пред линијата од 16-сетникот, во оваа ситуација требаше да се досуди слободен удар за домашната екипа.
На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.