Судиска анализа за 12. коло на Прва МФЛ и 10. коло на Втора МФЛ

Објавено на 02 Ноември, 2023 во Вести


Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 12 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  Фк.Гостивар-Фк.Струга Т.Л.  одигран на 29.10.2023 година, анализирана е ситуацијата од  5, 83 минута и од 45 до 90 минута (менаџирање клупи).

“Главенсудија: Игор Стојчевски. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.

53 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал  за домашната екипа, при резултат 2:0)

Играч на домашната екипа добива топка во 16-сетникот на гостинската екипа, при вртење кон голот и шутира кон голот, претпоследниот играч од одбраната на гостите го влечеше за дрес и со тоа го спречи да шутне и е соборен на земја.

Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, во оваа ситуација требаше да досуди пенал за екипата на домакините (поради влечење за дрес со јак интензитет) на играч на гостинската екипа над играч на домакините.

Главниот судија во оваа ситуација не беше добро поставен, и беше доста далеку од настанот.

83 минута : ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( За досуден офсајд, и исправно поништен погодок, при резултат 2:1)

Гостински напаѓач кој сака да се врати во линија со претпоследниот играч од одбраната на домакините, не успева на време да се врати и во моментот на проигрување од неговиот соиграч се наоѓаше во офсајд позиција. Потоа играчот ја прими топката и постигна гол.

Исправна одлука на првиот помошен судија што сигнализираше офсајд позиција, бидејки играчот на гостите во момент на додавање на топката од својот соиграч се наоѓаше во недозволена офсајд позиција и голот исправно беше поништен.

Првиот асистент судија беше одлично поставен и сконцентриран во оваа предизвикувачка ситуација.

45-90 минута: ПРАВИЛНО МЕНАЏИРАЊЕ СО КЛУПИ (За исправно доделени три црвени картони за официјални лица од резервната клупа на домакините)

Поради некоректно, неспортско и крајно агресивно однесување кон официјалните лица на натпреварот од страна домакините од самиот старт на второто полувреме, за официјалните лице од клупата на домакините беа доделени три црвени картони, од кој еден по завршеток на натпреварот. Сите исправо доделени од главниот судија. Вакво недолично однесување не доликува на една прволигашка екипа.

На натпреварот  Фк.Македонија Ѓ.П. - Фк.Тиквеш одигран на 29.10.2023 година, анализирани се ситуациите од  73, 83 и 93 минута.

“Главенсудија: Александар Грујоски. Помошни судии: Куштрим Лика и Давор Цветаноски.

73 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА И ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Дозволено е играта да продолжи, голман надвор од својот 16-тник ја игра топката со гради и не ја запира на недозволен начин очигледнта шанса за гол на домашната екипа при резултат 1:0)

Нафрлена топка од далечина централно кон голот на гостите, гостинскиот голман стартува на топката надвор од својот 16-тник и ја удира топката со гради. Главниот судија во истата ситуација има одлично движење и исправно ја перцепира настанатата ситуација, дозволи играта да продолжи. Во оваа ситуација главниот судија имаше одлична соработка со првиот помошен судија кој ја потврди неговата одлуката, т.е дека голманот игра со гради на исправен начин.

83 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа и доделен жолт картон за напаѓачот (симулација), при резултат 1:0)

Гостински напаѓач е проигран во висина на петерец во домашниот 16-тник, на топката стартуваат напаѓач и играш од одбраната на домакините, играчот на домакините прв стигнува до топката и ја избива на коректен начин, а притоа гостинскиот напаѓач сака да исценира прекршок и паѓа.

Исправна одлука на главниот судија, ја прекина играта и додели жолт картон за играчот на гостинската екипа, поради неспортска игра (симулација за пенал).

 Главниот судија во дадената ситуација е одлично поставен и имаше јасен преглед.

90+3 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За досуден пенал за гостинската екипа, при резултат 1:0)

Играч од гостинската екипа додава топка до свој соиграч во 16- сетникот на домашната екипа, гостинскиот играч ја прима топката и во тој момент играч од домашната екипа сакајки да стартува на топка, со лизгачки старт го удира гостинскиот играч во долниот дел на ногата, без да игра со топката.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа, поради недозволен старт на играч од домашната екипа над противнички играч.

Главниот судија беше добро поставен, со јасна прегледност на ситуацијата и донесе исправна одлука.

На останатите натпревари од ПРВА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.

       

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 10 коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  Фк.Беса - Фк.Арсими одигран на 28.10.2023 година, анализирана е ситуацијата од 55 минута.

“Главен судија: Фатмир Бафто. Помошни судии: Горан Балески и Мишо Ѓоргиевски.

55  минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (ДОСУДЕН пенал за гостинската екипа при резултат 0:0)

Играч од екипата на гостите продира во 16-тникот на домакините централно од голот и излегува сам пред голманот, играчот шутира кон голот и во тој момент голманот прави недозволен старт на играчот. Судијата одлично поставен, сочека да види дали топката оди во рамките на голот и кога увиде дека топката оди вон рамките на голот веднаш покажа на белата точка.

Исправна одлука на главниот судија што досуди пенал за гостинската екипа, бидејки топката беше уште  во игра кога голманотна домакините направи недозволен старт над гостинскиот играч.

На натпреварот  Фк.Тетекс - Фк.Скопје одигран на 28.10.2023 година, анализирани се ситуацијата од 65 минута.

“Главен судија: Дени Лековски. Помошни судии: Николче Дрнковски и Владимир Митревски.

 65 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За доделен втор жолт-ЦРВЕН картон на домашен играч)

Играч на домашната екипа во 60 минута заработува жолт картон поради неспортски однос (приговор кон судија). Во 65 минута истиот играч ја имаше топката во свој посед, противнички играч му ја одзема топката на фер и коректен начин на 20-сет метри од голот по левата страна,  домашниот играч гледајки дека ја изгуби топката со раце го задржува играчот кој вече е во ветувачка акција. Исправно доделен втор жолт односно црвен картон.

На натпреварот  Фк.Башкими - Фк.Вардар Н. одигран на 28.10.2023 година, анализирана е ситуацијата од 51 минута.

“Главен судија: Доне Ристовски. Помошни судии: Стојан Костадинов и Михаил Џорлев.

51 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа), ПОТОА ИСПРАВНО ДОСУДЕН ИНДИРЕКТЕНСЛОБОДЕН УДАР  ЗА ГОСТИНСКАТА ЕКИПА,БИДЕЈКИ ПРИ ИЗВЕДУВАЊЕТО НА ПЕНАЛОТ ИГРАЧОТ КОЈ ГО ИЗВЕДУВА УДАРОТ ДВА ПАТИ ИГРА СО ТОПКА.

 Играч на домашната екипа во 16- сетникот на гостинската екипа  поминува гостински играч, кој потоа на недозволен начин се фрла врз топката и намерно игра со рака.

Испрвана одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа, поради недозволено играње со рака на гостински играч.

Глваниот судија во оваа ситуација е одлично поставен и е близу настанот.

 При изведувањето на ударот од 11 метри, изведувачот при залетот, со својата лева нога во моментот кога сака да застане до топка се подлизнува ја подигнува топката со левата нога а со десната шутира.

Исправна одлука на главниот судија во соработка со асистентот и 4-тиот судија, досуден е индиректен слободен удар за гостинската екипа, бидејки при изведување на пеналот, играчот на домакините два пати игра со топката.

На натпреварот  Фк.Осогово - Фк.Кожуф одигран на 28.10.2023 година, анализирана е ситуацијата од 72 минута.

“Главен судија: Боби Величков. Помошни судии: Александар Ајдаров и Давор Дишлиевски.

72 минута. ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за домашната екипа при резултат 3:2)

При нафрлена топка од лева страна, играч на гостинската екипа кратко ја одбива топката во својот 16- сетник, на топката натрчуваат негов соиграч и противнички играч. Прв до топката стигнува и стартува неговиот соиграч и ја избива.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки стартот на гостинскиот играч беше коректен.

Главниот судија е одлично поставен во оваа ситуација и близу настанот.

На натпреварот  Фк.Беласица - Фк.Детонит одигран на 28.10.2023 година, анализирана е ситуацијата од 41 минута.

“Главен судија: Дејан Младеновски. Помошни судии: Александар Недевски и Дарко Видиниќ.

41 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За НЕ досуден пенал за домашната екипа)

Играч на домкините центрира од корнер во 16-сетникот на гостинската екипа, топката доага до негов соиграч кој је шутира топката кон голот, шутнатата топка удира во земја и пота во рака на противнички играч која му беше во природна положба.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки раката на играчот на гостинската екипа се наоѓаше во природна положба.

Главниот судија во оваа ситуација се наоѓа во идеална положба.

На натпреварот  Фк.Новаци - Фк.Каменица САСА одигран на 28.10.2023 година, анализирани се ситуациите од 34, 46 и 93 минута.

“Главен судија: Слободан Боцевски. Помошни судии: Александар Николоски и Бесар Абдули.

34 минута. ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Не е постигнат погодок)

По изведен корнер, гостински играч упатува удар со глава кон голот на домакините, голманот на домашната екипа на самата гол линија интевенира и го брани ударот.

Исправна одлука на вториот помошен судија што дозволи играта да продолжи, бидејки топката со целиот свој обем не ја помина гол линијата.

Асистентот во оваа ситуација е одлично поставен.

46 минута. ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ВО СОРАБОТКА СО ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (НЕ доделен ЦРВЕН картон)

Играч на гостите сакајки да изведе брзо уфрлување (аут), удира-турка во пределот на лицето играч на домашната екипа кој стои веднаш до него.

Погрешна одлука на главниот судија во соработка со вториот асистент судија што за ваков неспортски однос доделија жолт картон, во оваа ситуација главниот судија требаше да додели ЦРВЕН картон ,бидејки удирањето-туркањето беше во пределот на вратот и беше со интезитет.

Напомена: За секој удар во пределот на главата следува безусловно директен црвен картон.

Мора да се напомене дека во овој случај не е добра комуникацијата, односно слаба соработка на главниот со вториот асистент судија.

93 минута. ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( За досудена офсајд позиција за гостинската екипа, поништен е регуларен гол)

Играч од гостите додаде топка до свој соиграч кој се наоѓаше точно на линијата од 16 метри, ја прими топката шутираше и постигна гол. Вториот асистент судија го подигна знаменцето и сигнализираше офсајд позиција.

Погрешна одлука на вториот помошен судија што сигнализираше офсајд позиција при постигнување на голот, бидејки во моментот кога му беше додадена топката од соиграчот, играчот на гостите кој се наоѓаше во очигледна шанса за гол и  беше во линија со предпоследниот играч од домашната екипа.

На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ , немаше спорни ситуации за судиска анализа




   
   
А репрезентација