Судиска анализа за 10. коло во ПРВА МФЛ и 8. коло во ВТОРА МФЛ

Објавено на 11 Октомври, 2023 во Вести


Судиска анализа за 10. коло од ПРВА МФЛ за сезона 23/24

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 10. коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  ФК Вардар - ФК Шкендија  одигран на 08.10.2023 година, анализирана е ситуацијата од 16. минута.

Главен судија: Стојан Трпчевски. Помошни судии: Даниел Василевски и Драган Трпчевски.

16. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал  за домашната екипа, при резултат 0:0)

Играч на домашната екипа беше во посед на топката во 16-сетникот на гостинската екипа, играчот на домашната екипа сакајќи да го помине гостинскиот играч (кој стоеше статично и не направи никакво движење со телото и нозете) направи неспортски потег (симулација) за да изнуди пенал, односно падна без да има контакт.

Исправна одлука на главниот судија, досуден индиректен слободен удар за гостинската екипа и доделен жолт картон за играчот на домашната екипа поради неспортски потег (симулирање) за изудување пенал.

Главниот судија беше одлично поставен и имаше јасна прегледност на ситуацијата.

На натпреварот  ФК Брегалница - ФК Работнички одигран на 07.10.2023 година, анализирана е ситуацијата од 90+4 минута.

Главен судија: Ндерим Тефику. Помошни судии: Петар Новачев и Андреј Ќамилов .

90+4 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 2:1)

По центрирана топка во 16-сетникот на домашната екипа, играч на гостите ја шутна топката кон голот на домаќините, голманот кратко ја одби топката која дојде до истиот играч на гостите и пред да ја удри со глава, играч на домашната екипа прв стигна до топката и ја изби.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи пред играчот на гостите да ја удри топката со глава, играчот на домаќините прв стигна до топката и  ја изби на коректен начин.

Главниот судија беше добро поставен, со јасна прегледност на ситуацијата и донесе одлична одлука.

На натпреварот ФК Тиквеш – ФК Шкупи одигран на 07.10.2023 година, анализирани се ситуациите од 1. и 46. минута.

Главен судија: Јован Качевски. Помошни судии: Разме Бакречески и Мартин Дејаноски.

1. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за гостинската екипа екипа, при резултат  0:0)

Играч на остинската екипа беше во налет и посед на топката во 16-сетникот на домашната екипа, кога сакаше да помине играч на домашната екипа, играчот на домаќините се загради за да ја освои топката и дојде до минимален контакт (со телото ) со играчот на гостите, по кој контакт играчот падна.

Исправна  одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки контактот на одбранбениот играч со играчот на гостите (градење со тело) беше минимален и недоволен за пенал.

46. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 1:1)

Играч на домашната екипа беше во налет и посед на топка странично во 16-сетникот на гостинската екипа , гостинскиот играч кој се наоѓаше странично до него минимално и без интензитет со рака го турна играчот на домаќините, по што играчот го искористи тој контакт и падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи контактот на гостинскиот играч над играчот на домакините беше минимален, без интензитет и недоволен за да се досуди пенал.

На натпреварот  ФК Струга Трим Лум - ФК Силекс одигран на 08.10.2023 година, анализирана е ситуацијата од 73. минута.

Главен судија: Димитар Пилешков. Помошни судии: Христијан Џонов и Мартин Петковски.

73. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 2:0 за домашната екипа)

Играч на домашната екипа беше во налет и посед на топка во 16-сетникот на гостинската екипа и пред да ја шутне топката кон голот, играч од екипата на гостите ја удри топката и минимално и ногата на противникот, по што играчот на домаќините падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи играчот на гостите ја удри топката и минимално и ногата на противникот, контактот беше минимален и недоволен за да се досуди пенал.

Главниот судија беше добро поставен и имаше јасна прегледност на ситуацијата.

На натпреварот  ФК Воска - ФК Македонија Ѓ.П. одигран на 07.10.2023 година, анализирани се ситуациите од 71. и 76. минута.

Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.

71. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА И НЕДОБРА И НЕКОМПЛЕТНА КОМУНИКАЦИЈА СО ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досуден пенал за домашната екипа, при резултат 1:1)

Играч на домаќините прими топка странично во шеснаесетникот на гостинската екипа, во моментот кога ја прими топката играчот на домашната екипа малку се лизна со едната нога, а со другата нога минимално го нагази противничкиот играч кој беше до него и падна.

Погрешна одлука на главниот судија што досуди пенал за домашната екипа, бидејки играчот на гостинската екипа не направи никаков прекршок над противничкиот играч, во оваа ситуација главниот судија требаше да дозволи играта да продолжи.

Исто така, во оваа ситуација  мора да има подобра и појасна комуникација помеѓу главниот судија и вториот помошен судија.

76. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за гостинската екипа, при резултат 2:1 за домашната екипа).

Играч на екипата на гостите беше во налет и посед на топката во шеснаесетникот на домашната екипа, играч на гостинската екипа направи минимален контакт над играчот на гостите, при што во пад ја шутна топката кон голот на домаќините.

Погрешна одлука на главниот судија што досуди пенал, требаше да доволи играта да продолжи, бидејќи контактот беше минимален, без интензитет и недоволен за пенал.

На натпреварот ФК Брера А.П. - ФК Гостивар, немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Судиска анализа за 8. коло од ВТОРА МФЛ за сезона 23/24

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 8. коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  ФК Башкими – ФК Кожуф одигран на 08.10.2023 година, анализирани се ситуациите од 49 и 72 минута.

Главен судија: Марјан Дејаноски. Помошни судии: Марио Мојсоски и Јован Анѓелковски.

49. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ПО ДАДЕНА ИНФОРМАЦИЈА И СОРАБОТКА СО ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (доделен ЦРВЕН картон за гостински играч, при резултат 0:0)

Играч од екипата на домаќините  беше во посед на топката надвор од својот 16-сетник, во 16-сетникот на домашната екипа беа два противнички играчи, во тој момент играч на гостинскат екипа без посед на топка и во тек на игра го удри намерно противничкиот играч со рака во глава (врат).

Исправна одлука на првиот помошен судија кој ја имаше целата ситуација во прегледност, (главниот судија ја пратеше акцијата и ударот беше позади неговиот грб) му даде одлична информација на главниот судија дека има намерно удирање на гостински играч над противнички играч во пределот на главата (вратот), по што главниот судија исправно додели ЦРВЕН картон за играчот на гостите.

72. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за домашната екипа и доделен жолт картон за голман на гостинска екипа за спречување очигледна шанса за гол, при резултат 0:0)

Играч на домашната екипа беше во посед на топката и сам пред голманот во 16-сетникот на гостинската екипа централно од голот, во моментот кога го помина голманот и сакаше да ја упати топката во празниот гол, голманот на гостите сакајќи да ја избие топката со рака, направи недозволен старт на ногата над играчот на домаќините.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенл за домаќините и доделен жолт картон на голманот на гостинската екипа за спречување очигледна шанса за гол.

На натпреварот  ФК Охрид - ФК Арсими одигран на 30.09.2023 година, анализирана е ситуацијата од 79 минута.

Главен судија: Бењамин Керими. Помошни судии: Дарко Видиниќ и Милан Петров.

79. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 1:0 за домашната екипа)

Играч на гостинската екипа беше во посед на топка странично во 16-сетникот на домашната  екипа, до него се наоѓаше противнички играч и со телото, рамо со рамо (ремплање) направи контакт и го спречи играчот во акцијата.

Исправна  одлука на главниот судија што доволи играта да продолжи бидејќи стартот беше коректен, дуел тело со тело (ремплање ) на два противнички играчи.

На натпреварот  ФК Беса – ФК Вардар Неготино одигран на 08.10.2023 година, анализирани се ситуациите од 8 и 44 минута.

Главен судија: Дејан Младеновски. Помошни судии: Дејан Димитријевиќ и Бесар Абдули.

8. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)

Играч на домашната екипа прими топка од свој соиграч во 16-сетникот на гостинската екипа, во моментот кога сакаше да се сврти спрема голот на гостите и да шутира, на недозволен начин беше влечен за телото од противнички играч и падна.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа поради недозволен старт (влечење) на играч на гостинската екипа над противнички играч.

Главниот судија беше добро поставен и ја имаше целата ситуација во прегледност.

44. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за домашната екипа, при резултат 3:0 за домашната екипа)

Играч на домачната екипа беше во посед на топката странично, близу корнер линијата во 16-сетникот на гостинската екипа, гостинскиот играч скајаки да му ја одземе топката на противникот го нагази со цело стапало на ногата противничкиот играч и направи прекршок, и потоа ја одзема топката.

Исправна проценка на главниот судија, досуден пенал за екипата на домаќините, поради недозволен старт (газење со цело стапало на нога на противник).

Главниот судија е одлично поставен и ја има цела ситуација во прегледност, меѓутоа досудувањето на пеналот е со задршка и задоцнето, со несигурност во движењето на телото на судијата, иако пеналот е очигледен.

На натпреварот  ФК Осогово – ФК Саса одигран на 07.10.2023 година, анализирана е ситуацијата од 74. минута.

Главен судија: Дарко Котевски. Помошни судии: Николче Дрнковски и Владимир Митревски.

74. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( досудено офсајд позиција и поништен гол на гостиската екипа, при резултат 1:0 за домашната екипа)

Играч на гостите центрираше топка во 16-сетникот на домашната екипа, топката дојде до негов соиграч кој постигна гол со глава, меѓутоа при додавањето на топката од својот соиграч, играчот што постигна гол се наогаше во ндеозволена офсајд позиција (позади предпоследниот играч од одбраната на домакините).

Исправна одлука на вториот помошен судија, досудено недозволена офсајд позиција и понишетен гол за гостинската екипа, бидејки играчот што дава гол, во моментот на додавање на топката од својот соиграч се наоѓа позади предпоследниот играч од одбраната на домакините.

На натпреварот ФК Пелистер - ФК Скопје одигран на 08.10.2023 година, анализирани се ситуациите од 52 и 72 минута.

Главен судија: Влатко Илијоски. Помошни судии: Душко Панов и Зоран Ангелов.

52. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)

Играч од екипата на гостите продира во 16-тникот по левата страна, потоа ја додава топката до свој соиграч кој е централно и со грб свретен пред голот на гостинската екипаИграч од одбраната на гостите од задгрб  стартуваше директно на топка. Стартот е прво на топка па потоа има и контакт од кој напаѓачот паѓа.

Исправна  одлука на главниот судија што дозволи играта да продожи, бидејки играчот чисто и без прекршок ја изби топката од противничкиот играч.

Главниот судија беше одлично поставен и имаше јасна прегледност на ситуацијата.

72 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За Не досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)

Играч од екипата на домашните во полн трк продира по десна страна во 16-сетникот на гостинската екипа, пред него се наоѓа играч на гостите кој почнува да се трга од линијата на движење на напаѓачот и напаѓачот во тој момент почнува да паѓа барајки контакт со гостинскиот играч.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки контактот помеѓу играчот од екипата на гостите и напаѓачот на домакините беше минимален и недоволен за пенал.

Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен, близу акцијата и имаше одличен преглед.

На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.




   
   
А репрезентација