Објавено на 25 Мај, 2022 во Вести
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од бараж натпреварите за ПРВА МФЛ 22/23 година и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Скопје - ФК Беласица, одигран на 22.05.2022 година, анализирани се ситуациите 39, 45+2 и 56 минута.
Главен судија: Стојан Трпчевски; Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов;
39. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (не досуден удар од 11 метри)
Во шеснаесетникот на Беласица, играч од нападот на Скопје беше во посед на топката, на него стартуваше играч од одбраната на Беласица и дојде до минимален контакт во пределот на ногата. Исправна одлука на главниот судија играта да продолжи, контактот беше минимален и недоволен за да се досуди удар од 11 метри. Во оваа ситуација имаше одлична комуникација помеѓу главниот судија и вториот помошен судија
40+2 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (не досуден удар од 11 метри)
Во шеснаесетникот на Беласица и странично од голот, играч од нападот на Скопје ја имаше во посед топката и шутна кон голот, пред него имаше играч од одбраната на Беласица со рацете споени до тело и топката го удри играчот во раката која беше до телото. Исправна одлука на главниот судија играта да продолжи, немаше елементи за да се додуди удар од 11 метри, бидејки раката беше споена до телото во моментот кога го удри топката.
56. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)
Играч на Скопје беше во напад, додаде топка до свој соиграч кој во моментот на додавање беше понапред од претпоследниот играч од одбраната на Беласица и постигна гол. Исправна одлука на првиот помошен судија голот да не го признае и да досуди офсајд позиција, бидејки при примање на топката играчот на Скопје се наоѓаше пред претпоследниот играч од одбраната на Беласица.
На натпреварот ФК Тиквеш - ФК Воска одигран на 22.05.04.2022 година, немаше предизвикувачки ситуации за судиска анализа.
Како судиска комисија сакаме да им честитаме за одличната арбитража на судиските тимови од бараж натпреварите.
Исто така, честитки и до цела судиска четворка за одличното судење на финалето на Купот на Македонија помеѓу ФК Македонија - ФК Силекс кој се одигра на 20.05.2022 година.