Објавено на 14 Мај, 2023 во Прва МФЛ, Вести
Струга Трим Љум денеска на својот стадион го славеше историскиот пехар откако официјално беше крунисан во нов првак во Македонската фудбалска лига.
Новиот шампион на уверлив начин ја прослави шампионската титула откако и на последниот дерби натпревар победи против Шкупи (2:1) во мечот од последното, 33. коло во Прва МФЛ.
Во натпреварите кои беа без резултатско значење, победа во последното коло оствари Шкендија со 2:1 против Работнички, а Тиквеш со убедливи 4:1 славеше против веќе испаднатата во понизок ранг Победа во Прилеп. Брегалница со 2:1 го совлада Скопје на гости, а во Струмица ремизираа со 2:2 Акедемија Пандев и Силекс.
Натпреварувачката сезона 2022/23 завршува со финалето во Купот на Македонија меѓу Струга и Македонија Ѓ.П.