Столе Димитриевски: Резултатите покажаа дека имаме квалитет, не е лесно да се стигне до ова ниво

Објавено на 22 Март, 2022 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за плејоф натпреварот против Италија за пласман на Светското првенство во Катар.

Нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски вели дека Македонија има квалитет, а тоа го потврдуваат досегашните резултати и тоа што се изборивме да дојдеме до ова ниво. 

- За целата репрезентација ова е веројатно најважниот натпревар. Се подготвуваме добро, целосно сме фокусирани на мечот. Имаме квалитет, не е лесно да се стигне до ова ниво и да се избориш за ваков натпревар. Треба да излеземе на терен и да се покажеме во најдобро светло. Во италијанскиот состав сите фудбалери се квалитетни, било кој и да игра, ние треба да бидеме максимално сконцентрирани во текот на мечот доколку сакаме да дојдеме до победа. 



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација