Стефан Ашковски: Борбеност и добра мисла за позитивен резултат во Прага

Објавено на 10 Октомври, 2023 во Вести, Вести


Украина - Македонија

Квалификации за ЕП 2024

14. октомври, 15:00 часот, стадион на Спарта Прага, Чешка

Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 против Украина (14. октомври, 15:00 часот) во Прага. 

Репрезентативецот Стефан Ашковски смета дека со позитивна мисла и голема борбеност, нашата селекција може да се надева на позитивен резултат во Прага против Украина.

„Очекувам добар натпревар против Украина. Со позитивна мисла и силна мотивација, да се обидеме да ја пренесеме енергија од последните два натпревари. Борбеност, позитивна мисла и добра мотивација. Тоа е, според мене, најважно за мечот во Прага“.




   
   
А репрезентација