Стартува мисијата подмладување на А репрезентацијата

Објавено на 28 Мај, 2016 во Вести, Вести


Македонската најдобра репрезентација ги врши последните подготовки пред пријтелскиот натпревар со Азербејџан. Репрезентацијата веќе е комплетна откако денеска на националниот тим му се приклучија осумте млади фудбалери  кои настапија на победата на репрезентацијата У 21 над Украина. Вечерва репрезентацијата тренираше во комплетен состав, а со утрешниот натпревар дефинитивно почнува мисијата подмладување на А репрезентацијата. Секако во тој правец потребна е максимална подршка, трпение и работа од сите страни. Селекторот Ангеловски на последниот тренинг пред утрешниот натпревар имаше можност да работи во полн состав, а покрај максимално сериозниот пристам воочлива беше добрата атмосфера меѓу репрезентативците.

“Јас не би сакал да прогнозирам, можам замо да кажам дека ќе даваме све од себе да одиграме еден добар натпревар против Азербејџан. Мислам дека тие се на наше рамнишре и затоа ќе се обидеме да наметнеме наша игра. Имаме млади играчи во составот, кои вчера настапија за младата селекција против Украина и ќе видиме колку тие ќе можат да играт во овој момент, затоа што се уморени. Нормално ќе се обидеме да бидеме што подобри и да извојуваме победа”, изјави селекторот Игор Ангеловски.

“Јас искрено се надевам дека можеме да ја прекинеме оваа серија без постигнат гол, и утре да прикажеме една добра игра и да победиме. Имаме млади играчи кои одлично играат за младиот национален тим и ние веруваме дека тоа можат до го пренесат и во А тимот. Ние ќе им помагаме да се адаптират брзо за да имаме една целина која ќе гарантира подобри резултати”,вели напаѓачот Александар Трајковски.

“Имавме тежок натпревар со Украина, еден од најважните за нас, и успеавме да победиме. Сега сме тука со А репрезентација, тоа многу ни значи и ќе даваме максимум за да ја обравдаме довербата на стручниот штаб”, рече Енис Барди, еден од осуммината младинци кои денеска му се приклучија на националниот тим после вчерашната победа од 0-2 над Украина во квалификациите за Европското Првенство за играчи под 21 години. 

Контролниот натпревар Азербејџан- Македонија се игра во недела со почеток од 17:00 часот во близина на тренинг базата на Азербејџан во Линсберг во Австрија.  



   
   
А репрезентација