Објавено на 13 Август, 2014 во До 21 год
Нашата млада селекција предводена од Вујадин Станојковиќ денеска одработи релаксирачки тренинг и во оптимистичка атмосфера ги прави последните подготовки пред израелскиот предизвик. Во составот на македонската репрезентација се неколкумина млади фудбалери кои треба да се докажат во квалификациските дуели и да бидат носители на играта во следниот циклус за пласман на големо натпреварување.
-Во животот секогаш успевале борците, упорни сме, знаеме дека никој нема да ни подари резултат и токму поради тоа ќе се бориме да успееме. Мислам дека сме на добар пат иако имавме многу проблеми поради повреди и откажувања на дел од играчите. Оваа репрезентација ја има поддршката од окружувањето и се надевам дека ќе ја исполниме нашата цел, а тоа е да се бориме за позитивен резултат, изјави в.д. селекторот на репрезентацијата на Македонија, Вујадин Станојковиќ.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....