Објавено на 28 Октомври, 2015 во Вести, До 17 год
Репрезентацијата на Македонија до 17 години го заврши настапот на квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза квалификации за Европското првенство кое идната година ќе се одржи во Азербејџан. Нашата млада репрезентација и покрај освоеното последно место, не разочара со играта и одигра одлични мечеви против фаворизираните селекции на Бугарија и Италија.
Во првото коло бевме поразени од Шкотска со 3:0, a дуелите против Италија и Бугарија заврши нерешено без погодоци. Селекторот Вујадин Станојковиќ изјави дека неговите фудбалери покажаа карактер на овие натпревари против пореноминираните репрезентации во групата 12 од квалификацискиот турнир.
-Сигурно дека бевме многу конкуренти на овие натпревари,моите фудбалери покажаа дека имаат сила и квалитет потребен за овие квалификации. Ме радува тоа што покажавме карактер кој го краси врвниот спортист. Исто така, покажавме и голема професионалност, одговорност и ангажираност со мал пад на концентрација. Натпреварите против Италија и Бугарија ги одигравме многу квалитетно и мудро пред се. Најважно е тоа што во дуелите против фаворизираните селекции на Италија и Бугарија бевме подобар противник и заслуживме победа, само мала спортска среќа беше таа што ни недостасуваше. Во секој случај, едно големо искуство за моите фудбалери кои покажа дека моментално се наоѓаат во рангот на најквалитетните репрезентации, изјави селекторот Вујадин Станојковиќ.