Објавено на 08 Мај, 2015 во Вести, До 17 год
Двете контролни пресметки ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски" во комплексот „Куќа на фудбалот" на 12 и 14 мај со почеток од 16:30 часот. Селекторот Вујадин Станојковиќ ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ: Христијан Стевковски (ФК Скопје), Благојче Иванов (ФК Металург)
ОДБРАНА: Тодор Тодороски (ФК Металург), Михаил Маневски (ФК Акад. Пандев), Андреј Кировски (ФК Вардар), Антонио Митрев (ФК Металург), Кирил Ристовски (ФК Работнички), Мерис Факиќ
СРЕДИНА: Јани Атанасов (ФК Акад. Пандев), Енис Фазлагиќ ( Фудбалска Академија на ФФМ Скопје), Христијан Делевски (ФК Акад. Пандев), Ељиф Елмиз (ФК Работнички), Филип Стојчевски (ФК Металург), Васко Трајков ( ФК Акда. Пандев), Кристијан Трапановски (ФК Акад.Пандев), Филип Јовановски (ФК Металург)
НАПАД: Димитар Митровски (ФК Ханза Росток), Аздрен Мена (ФК Хајдук Сплит), Бобан Здравевски (ФК Пелистер), Борче Ласков (ФК Брегалница)
„Не очекуваат два тешки натпревари против квалитетен противник како што е репрезентацијата на Чешка. Само со вакви натпревари сметам дека можеме да го подигнеме нашиот квалитет. Овој дуел ќе биде одлична контрола за нас пред претстојните предизвици што не очекуваат", изјави Вујадин Станојковиќ.
Младата репрезентација на Македонија до 21 година и официјално ги започна подготовките за претстојните два квалификациск...