Станојковиќ: Борбено и агресивно против Израел

Објавено на 09 Септември, 2014 во До 21 год


Македонската репезентација до 21. година против Израел денеска од 17.00 часот во Ларнака, Кипар го игра последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2015. Селекторот на нашиот национален тим, Вујадин Станојковиќ вели дека иако резултатски натпреварот е многу поважен за Израел, тоа нема да ги намали нашите амбиции за добра игра и борба за позитивен резултат.

-Натпреварот е се или ништо за Израел, со победа обезбедуваат бараж за Европското првенство. Не добија во Скопје, влегуваат како фаворити и на вториот натпревар, но тоа не ги намалува нашите амбиции да влеземе борбено и агресивно и да се обидеме да направиме изненадување. Во изминатите денови го одработивме планираното и сега ни преостанува тоа да го спроведеме на теренот во Ларнака. Имаме неколку промени во составот во однос на пресметката од Скопје и се надевам дека сите заедно со добра игра и тимски дух ќе се бориме за позитивен резултат, изјави селекторот на репрезентацијата Вујадин Станојковиќ.




   
   
А репрезентација