Среќа и успех за нашите екипи во Европа, апел за фер и коректно навивање

Објавено на 10 Јули, 2018 во Вести


Фудбалската федерација на Македонија во пресрет на квалификациските натпревари на нашите претставници во натпреварувањата на УЕФА, Лига на Шампиони и Лига на Европа, упатува апел за фер и коректно однесување до навивачите и љубителите на фудбалот кои ќе бидат присутни на стадионите и ќе ги следат натпреварите на Шкендија, вечерва на Националната арена во Скопје против велшки ТНС и утрешниот дуел на Рабонички против Хонвед на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Бидете поддршка на својот клуб без инциденти, со примерно однесување и без нереди, без национализам и дискриминација. Тоа се клучни цели на сите учесници во македонскиот фудбал и европскиот фудбал. Како и секогаш, ФФМ апелира до сите вистински поддржувачи на фудбалот во Македонија, дека на терените фудбалот е на првото место! Нека нѐ обедини радоста која ја носи фудбалот.

На сите наши претставници во Европските купови и посакуваме многу среќа и успех. 




   
   
А репрезентација