ИН МЕМОРИАМ: Почина Николче Здравески

Објавено на 30 Април, 2025 во Вести


Доцна синоќа македонскиот фудбал и прилепска Победа загубија големо име.

Во својата 54-та година од животот прерано почина легендарниот фудбалер и тренер на Победа, Николче Здравески.

Николче Здравески речиси цела своја кариера ја мина во Победа, а играше и за Вардар и за Пелистер. Со Вардар во 1998 година го освои Купот на Македонија и постигна еден од двата гола во победата во финалето против Слога Југомагнат.

Со својот матичен клуб стана шампион и како играч и како тренер, а во 2007 година беше прогласен и за тренер на годината во изборот на Фудбалската федерација на Македонија.

Со Победа го освои Купот на Македонија во 2002. година, а има титула шампион на Македонија.Во дресот на македонската репрезентација настапи на пријателските натпревари против Албанија и Азербејџан. 

По својата кариера работеше и како координатор на младинската школа на Победа, а последните години од животот ги мина со најмладите. Здравески работеше како тренер во неговата приватна школа Еврогол од Прилеп, а беше дел од тренерскиот кадар во Академијата на ФФМ во Прилеп. 




   
   
А репрезентација