Објавено на 19 Мај, 2015 во Вести
Ангеловски: Немаме притисок, ќе се бориме за победа
Тимот на Работнички, актуелниот носител на Куп трофејот и тетовски Тетекс, освојувач на титулата во 2013 година, утре во 20.00 часот на Националната арена „Филип Втори“ ќе се соочат во финалето од Купот на Македонија за сезоната 2014/15. Двете екипи играа во натпреварот за Куп трофејот пред пет години кога Тетекс успеа да го освои трофејот. Горазд Михајлов и Игор Ангеловски, тренерите на двата тима се надеваат на успех во фер и коректна борба.
-Работнички е фаворит, односот на табелата покажува дека играме против најкомпактниот тим во Македонија. Тоа за нас е дополнителен мотив, ќе го дадеме максимумот да го повториме успехот од пред две години. Верувам дека натпреварот ќе биде интересен и динамичен. Ние ќе играме за нашата гордост, за градот Тетово и навивачите. Утрешниот натпревар е голем предизвик за нас и ќе се обидеме да се надигруваме. Нека победи подобриот, истакна на прес конференцијата Горазд Михајлов, тренерот на Тетекс.
Игор Ангеловски, тренерот на Работнички истакна дека финалето за неговиот тим е награда за сработеното оваа сезона и се надева на одбрана на трофејот.
-Големо е задоволството што повторно сме дел од финалето на Купот на Македонија. Ќе дадеме се од себе да го одбраниме трофејот освоен лани. Иако веќе е второлигаш, Тетекс заслужува респект. Во последниот преоден рок донесоа нови фудбалери, а пристигна и Горазд како тренер. Не чувствуваме притисок, во фудбалот има победи и порази, ако победиме значи сме завршиле одлична работа, ако триумфира Тетекс ќе им честитаме, изјави Ангеловски.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....