Објавено на 03 Ноември, 2016 во Вести, Вести
Македонската А репрезентација на
12. ноември во Гранада против
Шпанија ја очекува нов двобој во квалификациите за Светското првенство во
Русија 2018 година. Селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски се одлучи за значителни промени во однос на
играчкиот кадар кој ќе им се спротивстави на Светските шампиони од 2010 година
во однос на натпреварите од првите три круга. Во составот на А репрезентацијата
на Македонија за дуелот со Шпанија се повикани седуммина фудбалери од
репрезентацијата до 21 година која избори пласман на Европското првенство во
Полска идната година. Селекторот Ангеловски ја остава отворена можноста да прати дополнителен повик по завршувањето на саботното коло од македонскиот шампионат.
Одбрана: Стефан Ристовски (Ријека, Хрватска), Леонард Жута (Ријека, Хрватска), Даниел Мојсов (АЕК Ларнака, Кипар), Ванче Шиков (Нефчи, Азербејџан), Кире Ристевски (Вашаш, Унгарија), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија), Дарко Велковски (Вардар);
Среден ред: Ферхан Хасани (Шкендија), Стефан Спировски (Вардар), Никола Ѓорѓев (Грасхоперс, Швајцарија), Езџан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Бобан Николов (Вардар), Енис Барди (Ујпешт, Унгарија), Давид Бабунски (Црвена Звезда, Србија);
Напад: Горан Пандев (Џенова, Италија), Илија Несторовски (Палермо, Италија), Бесарт Ибраими (Шкендија), Кире Маркоски (Работнички);
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....