Објавено на 07 Октомври, 2015 во Вести, До 19 год
Англија во 15.00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ е првиот противник на селекцијата предводена од Горан Станиќ. Селекторот на нашата репрезентација за квалификациските пресметки против Англија, Италија и Финска смета на следните 18-ет фудбалери:
Голмани: Филип Илиќ (Металург), Боби Целески (Гросето, Италија);
Одбрана: Слободан Боцевски (Работнички), Тела Шаип (Ксамакс, Швајцарија), Дин Аломеровиќ (Еуромилк), Кристијан Каранфиловски (Металург), Нехар Садики (Еуромилк), Стефан Јевтовски (Металург), Стефан Лазаревиќ (Македонија Ѓ.П);
Среден Ред: Сашо Шопоски (Металург), Давор Здравковски (Македонија Ѓ.П), Петар Петковски (Вардар), Матеј Цветановски (Македонија Ѓ.П), Абдулахи Бурим (Сервет, Швајцарија), Валентин Кочовски (Хоризонт Турново), Емил Абаз (Андерлехт, Белгија);
Напад: Селмани Ремзифаик (Ренова), Мартин Христов (Еуромилк);
-Во тимот има позитивна атмосфера, очекувањата се навистина големи со оглед на претходните натпревари кој ги одигравме и на кој покажавме одличен квалитет. Групата е исклучително тешка, отвораме против фаворитот Англија и се надевам дека ќе бидеме на високо ниво. Оваа генерација има квалитет и треба да покажеме дека можеме да се носите и надигруваме и со најдобрите. Верувам дека ќе го покажеме најдоброто од себе во квалификациите и ако имаме среќа ќе се радуваме на добар резултат, изјави селекторот Станиќ.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....