Состанок за општествен дијалог

Објавено на 05 Декември, 2014 во Вести

На иницијатива на ФФМ денес се одржа состанок на тема Отварање на општествен дијалог помеѓу претставници на фудбалските клубови од Прва МФЛ и синдикатот на фудбалери.

Состанокот беше одржан под покровителство на работното тело сочинето од претставници на UEFA, ECA (Сојуз на Европски Клубови), EPFL (Сојуз на Европски Професионални Лиги), FIFPro (Сојуз на Фудбалски Синдикати)и ФФМ како национален претставник на телото.

Дијаологот отвори можност за изнаоѓање начин и постапка со која ќе се имплементираат минималните критериуми при склучување на професионални договори со фудбалери, а согласно автономниот договор потпишан на европско ниво, а усвоен на конгрес на UEFA.

Процесот е започнат во конструктивна атмосфера каде сите директно вклучени страни имаат можност да дадат придонес.

Со задоволство може да се констатира дека отворениот дијалог ќе придонесе во изнаоѓање на подобри решенија и ќе гарантира рамноправна положба како за фудбалерите така и за фудбалските клубови.




   
   
А репрезентација