СОСТАНОК СО КЛУБОВИ ОД ПРВА И ВТОРА МФЛ

Објавено на 13 Јуни, 2016 во Вести

По комплетирањето на Првата и Втората Македонска Фудбалска Лига за натпреварувачката сезона 2016/17 на 13. јуни, 2016 беше одржан состанок со претставници на клубовите од Прва и Втора МФЛ во прес салата на Арената Филип Втори Македонски во Скопје.

Во име на Фудбалската Федерација на Македонија состанокот го водеа претседателот Илчо Ѓорѓиоски, генералниот секретар Филип Поповски, претседателот на натпреварувачката комисија Васко Дојчиновски, претседателот на комисијата за судии и судење Емил Божиновски и одговорното лице за интегритет и безбедност Роберт Марковиќ.

На претставнивците на клубовите им беше претставен новиот предлог календар за натпревари кој во следните неколку денови ќе биде усвоен и објавен. Укажано беше на новиот формат за натпревари во Првата МФЛ, направено потсетување на клубските обврски за лиценцирањето за новата сезона во поглед на инфраструктура, финансии, заштита на интегритет и најавен состанок за имплементација на новите правила во фудбалската игра. 

Во рамки на состанокот беа дадени предлози за начин на трошење на средствата собрани од автоматски и дисциплински казни од минатата натпреварувачка сезона. Клубовите се обврзаа да дадат свое писмено мислење во рок од 10-14 денови.

Од страна на претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски беше претставен новиот предлог за балканско клубско натпреварување кое треба во блиска иднина да добие потврда и своја афирмација со стартот на натпреварувалака сезона 2018/19.

Состанокот беше завршен со презентација на новата линија на спортска опрема на производителот ЈАКО кој воедно е и официјален партнер за спортска опрема на Фудбалската Федерација на Македонија.




   
   
А репрезентација