Објавено на 02 Декември, 2014 во Вести
Претседателот на комисијата за фер-плеј, нашиот прославен голман Благој Истатов говореше за активностите кои во изминатиот период ги организираше комисијата, а се однесуваат на почитувањето на фудбалската игра во сите сегменти, акцент кој е многу важен според прописите на Уефа. Според насоките на Уефа и Фифа, во месец септември се организираше фер-плеј викенд на кои учесниците во натпреварите од македонскиот шампионат преку порака повикаа на фер однос кон сите кој се вклучени во спортот.
Комисијата за фер-плеј учествуваше и на предавањето кое го организираше здружението на спортските новинари од југо-источна европа против насилствата на спортските терени.
На состанокот беа презентирани активностите кои ги превзема организацијата на Спортските новинари, со цел превентивно да делува против насилствата на спортските терени. Покрај Македонија, учество земаа и претставници од Црна Гора, Хрватска и Бугарија.