СОС Детско село ќе добие парична награда од УЕФА фондацијата за деца преку номинацијата на ФФМ

Објавено на 10 Октомври, 2018 во Вести, Еднаквост


Европската фудбалска Асоцијација (УЕФА) ја препозна и прифати иницијативата на Фудбалската федерација на Македонија, СОС Детско село - Македонија да добие награда од УЕФА Фондацијата за деца во износ од 50.000 Евра наменети за развој на спортските  активности на децата што живеат таму.

На почетокот од оваа година, УЕФА преку својата Фондација за деца побара од 55. Национални асоцијации да номинираат организација од нивната земја што исполнува зададени критериуми, а чија  работа е од особена важност за добробитта на децата од социјално ранливи категори. Фудбалската федерација на Македонија ја препозна и ја поддржа работата на СОС - Детско село  кое 15 години посветено работи и се бори за заштита на детските права во нашата земја.

- Фудбалската федерација на Македонија секогаш се труди да има активна улога во општеството, давајќи придонес во проекти и активности кои ја истакнуваат нашата социјална одговорност. Така било одсекогаш, а со радост ќе ги продолжиме сличните активности и во иднина. Исклучително ни е драго што СОС детското село ја доби наградата од УЕФА Фондацијата за деца во износ од 50 000 евра, средства кои што ќе ги инвестираат во понатамошен развој на спортските активности на децата што живеат таму. Ова е придонес преку фудбалот да се подобри квалитетот на живот на децата во нивнита заедница. Од мое и од името на Фудбалската федерација на Македонија Ви честитам, испратете големи поздрави до сите деца од СОС детското село и направете не горди со новиот проект кој ќе го рализирате со помош на овие средства, рече во своето обраќање в.д. претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Филип Поповски ја истакна една од суштинските заложби на ФФМ, како социјално одговорна организација која придонесува преку фудбалот да се збогати квалитетот на живот на деца од социјално ранливи категории.

-Ние искрено се надеваме дека дел од средствата од наградата кои ќе се наменат за изградба на фудбалско игралиште со вештачка трева ќе поттикнат и инспирираат повеќе деца што живеат таму да уживаат во играњето фудбал. Во рамки на нашата фудбалска академија имавме двајца фудбалери кои ни доаѓаа од СОС детско село, а со овој проект ке бидеме среќни ако тој број се зголеми. Благодарност што заеднички ќе реализираме една подолгорочна соработка, изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски. 

-Нашата работа  и мисија се поклопуваат во една многу важна работа, нашата работа е да менуваме животи, а вашата да обезбедите истотака подобра иднина за децата и младите преку спортот, односно фудбалот. Преку овој проект заедно ќе промениме животи на многу деца од СОС Детското Село, посебно на оние кои уште сега покажуваат афинитети за фудбалот како спорт. Истотака, анализите докажале дека физичката активност го подобрува и психичкото здравје што е важно за секој млад човек а посебно за деца и млади кои поминале низ многу премрежја и предизвици во животот, благодарност до Фудбалската федерација на Македонија, изјави Зорица Серафимовска Арсовска, претседател на У.О. на СОС Детско Село. 







   
   
А репрезентација