Објавено на 24 Мај, 2024 во Вести
Фудбалската федерација на Македонија како организатор на бараж натпреварот ВАРДАР - ДЕТОНИТ Плачковица за пополнување на Прва МФЛ праќа информација во врска со организацијата, продажбата и распределбата на билети за натпреварот закажан на 26. мај на стадионот "Благој Истатов" во Струмица.
- На состанокот во "Куќа на фудбалот" беше прифатен предлогот на ФК Вардар, Струмица и стадионот "Благој Истатов" да биде домаќин на натпреварот.
- ФФМ даде предлог и истиот беше прифатен од претставниците на клубовите (Влатко Колев - ФК Вардар и Игор Чапев - ФК Детонит Плачковица), двата клубови да добијат по 50 гратис билети за натпреварот.
- Клубовите беа согласни со одлуката билетите да бидат пуштени во продажба по цена од 150 денари преку продажната мрежа на MK Tickets.
- На состанокот, исто така, беше прифатен предлогот, јужната трибина на стадионот "Благој Истатов" целосно да се стави на располагање на навивачите на ФК Вардар, а доколку е потребно, да се обезбедат услови за отворање и на трибина зад головите.
Фудбалската федерација на Македонија е организатор на натпреварот и има еднаков однос и третман кон сите клубови - учесници во натпреварувањето. Нашата, а веруваме и целта на сите клубови е преку фер и спортска игра да ги достигнеме целите за кои се бориме.
Фер и спортски.
Посакуваме добар натпревар во вистинска фудбалска атмосфера. Нека се радува подобриот.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....