Соопштение од Управен одбор на ФФМ

Објавено на 30 Јануари, 2017 во Вести


Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница одлучуваше во однос на наводите за нерегуларности на Редовното годишно изборно собрание на ОФС Тетово, а по пристигнатите барања на дел од членови на Управниот одбор на ОФС Тетово и останати засегнати страни од ОФС Тетово.

Управниот одбор по разгледување на целокупната документација пристигната од ОФС Тетово, како и целокупната документација со наводи за нерегуларности при процесот на организација и одржување на Редовното генерално собрание на ОФС Тетово доставена од заинтересирани страни, како и од исказите дадени на дел од членовите на Управниот одбор на ОФС Тетово на самата седница на Управниот одбор на ФФМ, утврди дека седницата на Редовното генерално изборно собрание на Општинскиот фудбалски Сојуз Тетово, одржано на 25.01.2017 година во Тетово е организирана спротивно на Статутот на ОФС Тетово и Статутот на ФФМ, по што донесе одлука дека сите одлуки донесени на  Редовното генерално изборно собрание на Општинскиот фудбалски сојуз Тетово одржано на 25.01.2017 година немаат правно дејство и не предизвикуваат правни последици кон Фудбалската федерација на Македонија.

Со оглед на изборниот период во кој се наоѓа Фудбалската федерација на Македонија, а сѐ со цел да се избегнат шпекулации во јавноста, Управниот одбор на ФФМ одлучи дел од документацијата која беше предмет на разгледување да ја направи јавно достапна и истата можете да ја погледнете во продолжение:




   
   
А репрезентација