Соопштение на ФК Вардар по оддржаниот состанок со ФК Шкендија, ФФМ и Министерството за внатрешни работи на РМ

Објавено на 14 Април, 2016 во Прва МФЛ, Вести


Дерби натпреварот ФК Вардар – ФК Шкендија во рамки на 27. коло во 1МФЛ кое ќе се одигра на Националната арена „Филип Втори“ в недела од 16:00 часот е прогласен за натпревар од висок ризик.

Во договор на двата клуба, Вардар и Шкендија заедно со Фудбалската федерација на Македонија и Министерството за внатрешни работи на состанокот во пресрет на овој меч, одлучено е да нема гостински навивачи на Националната арена „Филип Втори“.

ФК Вардар апелира навивачите на Шкендија самоиницијативно да не доаѓаат на стадионот.

ФК Вардар ќе ги преземе сите мерки и ќе ги следи сите одредби и правни рамки пропишани со Законот за спречување на насилство и недолично однесување, сѐ со цел да го организира натпреварот на највисоко ниво.

За таа цел, билетите за овој натпревар ќе се продаваат само со документ за лична идентификација (лична карта).

Билетарницата на стадионот на денот на натпреварот (17.04.2016) ќе биде отворена во 10:00 часот наутро и ќе с  е затвори во 15.45 часот, односно петнаесет минути пред почетокот на натпреварот.

Билетите ќе чинат 100 денари и ќе се продаваат само за Јужната трибина. Останатите три трибини се во фаза на реновирање.

ФК Вардар ги повикува сите свои навивачи и симпатизери за фер и коректно навивање, за достоинствено однесување на трибините, со цел да се избегнат сите евентуални казни кои би следеле за неспортско однесување.

За претстојниот дуел на Вардар и Шкендија, информација и за новинарите, дека ќе биде отворена новинарската ложа на Северната трибина, а влезот ќе биде на аголот на Источната и Севернатa трибина.




   
   
А репрезентација