Објавено на 24 Август, 2014 во Вести
ФК Вардар АД Скопје со допис бр. 06-1048/1 од 21.08.2014 година ја извести ФФМ дека на првенствениот натпревар од Прва МФЛ помеѓу ФК Тетекс АД и ФК Вардар АД кој треба да се одигра на 24.08.2014 година на стадионот во Ѓорче Петров нема да носи навивачки групи како и дека клубот се оградува од однесувањето на навивачите на овој натпревар.
Во врска со споменатиот допис Ве информираме дека согласно одредбите на Правилникот за натпревари и Дисциплинскиот правилник на ФФМ клубот не може да се огради од однесувањето на своите навивачи независно дали носи организирано навивачки групи или не.
Од тие причини би сакале да Ви обрнеме внимание на член 9, 36 и 51 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ со цел да ги превземете сите неопходни мерки за непречено одигрување на натпреварот се со цел да се одигра натпревар во спортска атмосфера, без вулгарно скандирање, јавно потценување, омаловажување деградирање во клеветнички манир врз основа на пол, раса, јазик, религија или етничко потекло, како и избегнување на нереди.
Се надеваме дека овој натпревар ќе се одигра во спортски дух и сето внимание ќе биде насочено на теренот со единствена цел - бодрење на екипата за која се навива.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....