Објавено на 23 Март, 2016 во Вести
Македонската А репрезентација загуби со 1:0 од Словенија во пријателскиот натпревар одигран на стадионот Бонифика, во Копер.
Македонија прва се закани посериозно по голот на словенците преку нашиот најдобар фудбалер Пандев во 8. минута, по одличната акција помеѓу него и Трајковски. Репрезентацијата на Словенија во 18. минута пропушти одлична прилика за постигнување гол, Безјак не се снајде најдобро во завршницата. На полувреме се замина без голови, но со доста отворена игра и на двете репрезентации и неколку можности за постигнување погодок.
Во продолжението, првиот обид го имаше нашата репрезентација преку Александар Трајковски во 56. минута, но неговиот удар без проблеми го одбрани противничкиот голман. Две минути подоцна Словенија го постигна водечкиот гол, Безјак погоди, нашиот голман Димитриевски беше немоќен. Воедно, тоа беше и конечниот исход на денешната контролна средба.По примениот погодок, избраниците на селекторот Ангеловски притиснаа повеќе, ја имаа иницијативата, создадоа неколку прилики преку Трајковски и Јаховиќ, но без ефект.
СЛОВЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 1:0 (0:0)
1:0 Роман Безјак 58`;
СЛОВЕНИЈА: Јан Облак, Цезар Боштјан, Аљаш Струна (Мирал Самарџиќ), Нејц Скубиц, Бојан Јокиќ, Рене Крхин (Блаж Врховец), Јасмин Куртиќ, Миха Зајц (Енеј Јелениќ), Бенјамин Вербиќ, Јосип Иличиќ (Валтер Бирса), Роман Безјак (Миливоје Новаковиќ); Селектор: Сречко Катанец
МАКЕДОНИЈА: Столе Димитриевски, Никола Глигоров (Мите Цикарски), Агим Ибраими (Адис Јаховиќ), Горан Пандев (Илија Несторовски), Кире Ристевски, Стефан Ристовски (Горан Силјановски), Ванче Шиков, Остоја Степјановиќ, Александар Трајковски, Иван Тричковски (Арменд Алими), Леонард Жута (Јован Костовски); Селектор: Игор Ангеловски
Главен судија:Милодраг Мажиќ
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....