Шиков поради повреда не е во комбинација за настап против Словачка

Објавено на 09 Јуни, 2015 во Вести, Вести

Македонскиот репрезентативец Ванче Шиков поради повреда на градниот мускул нема да биде во комбинација за настап во натпреварот против Словачка на 14. јуни во Жилина.

Еден од најискусните дефанзивци во националниот тим индивидуално тренираше во првата фаза од подготвителниот период, а по синоќешниот тренинг стана јасно дека повредата и болката во градниот мускул му создава проблеми и не е во можност да настапи на квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство.

-Пред речиси две седмици Ванче Шиков на првенствен натпревар заработи повреда по удар со колено од противнички играч. Се работи за комплексен механизам на повреда во пределот на клучната коска и ребрата. Направена е снимка на градниот кош и клучната коска и констатиравме мала дислокација и мала напукнатина на `рскавицата на четвртото ребро. Шиков беше подлежен на интензивни третмани, физикална и крио терапија сѐ со цел да го оспособиме за настап, но состојбата му предизвикува болка посебно при дуел игра и заклучивме дека не е подготвен целосно да одговори на поставените задачи, изјави Виктор Камиловски, доктор на А репрезентацијата.

Селекторот на А репрезентацијата, Љубинко Друловиќ денеска ќе го има на располагање целосниот состав на фудбалери. Ферхан Хасани, досегашниот член на Брондби последен му се приклучува на тимот. Интернационалците од Полска, Александар Тодоровски од Заглебје и Остоја Стјепановиќ од Висла Краков вчера му се приклучија на националниот состав. А репрезентацијата се подготвува во Скопје до 11. јуни, натпреварот во Жилина се игра на 14. јуни со почеток во 20.45 часот.




   
   
Актуелности

12.02.2025    Вести

Масар Омерагиќ на средба во Нион со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин

Раководството на ФФМ на официјална средба во УЕФА со Александар Чеферин и Зоран Лаковиќ...

08.02.2025    Вести

Судиската организација при ФФМ доби висока оценка за својата работа и посветеност на развојот на судењето

Стручноста, одговорноста и амбициозниот пристап кон следните предизвици беа препознаени и потврдени од страна на УЕФА....

Календар
А репрезентација