Објавено на 19 Мај, 2014 во Вести
Фудбалерите на Работнички пред почетокот на последниот сезонски натпревар против конкурентот Хоризонт Турново го кренаа пехарот наменет за најдобриот тим во натпреварувачката сезона 2013/14. Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија им го додели трофејот на „романтичарите“. Скопскиот состав сезонава ги обедини двете титули во фудбалското првенство, откако славеа и во финалето од Купот на Македонија. Работнички ја слави својата четврта шампионската титула.