Објавено на 05 Април, 2016 во Вести, Вести
Во „Куќата на фудбалот“ изминатата недела се одржа семинар за одржување на фудбалските терени на кој главен предавач беше консултантот на ФИФА, Дин Гиласби. На семинарот учествуваа претставници од 12-ет стадиони или терени во државата (Маџари – Скопје, Победа – Прилеп, Тренинг центар „Петар Милошевски“, Ѓорче Петров – Скопје, Беласица – Струмица, Шкендија – Тетово, „Билјанини извори“ – Охрид, Пелистер – Битола, „Кукуш“ – Турново, Национална арена „Филип Втори“ – Скопје, Силекс – Кратово).
Консултантот на ФИФА, велшанецот Дин Гиласби го пренесе своето видување за работата со претставниците на клубовите или терените кои беа дел од дводневниот семинар.
-Како консултанти на ФИФА за подобрување на состојбата на терените со задоволство ја прифативме поканата на Фудбалската федерација на Македонија да бидеме предавачи на овој семинар и низ теоретска и практична презентација да укажеме на главните проблеми со кои се соочуваме при одржувањето на терените и да дадеме насоки во однос на тоа кои се најдобрите начини да ги заштитиме терените со природна трева од брзо оштетување. Практичниот дел од програмата го реализиравме на терените во центарот „Петар Милошевски“ и морам да признаат дека сум изненаден од добрата состојба на терените, посебно во период кога натпреварувачката сезона завршува за нецели два месеци. Со новата модерна опрема која ФФМ ја има набавено може да се утврди покриеноста на трева на терените, а тоа е многу важно. Потребни се неколку ситни промени за кои разговаравме за уште повеќе да се подобри состојбата на терените. Механизацијата е многу важна, но посветеноста на луѓето кои се задолжени за одржување на терените е веројано клучниот фактор, вели консултантот на ФИФА за одржување терени, Дин Гиласби.
Димитар Зисовски од Фудбалската федерација на Македонија, вели дека ова е важен момент за претставување на луѓето кои се грижат за одржување на терените, а се многу битен дел од секоја структура во клубовите или стадионите.-Луѓето кои се грижат за одржување на
терените често не се во фокусот на нашето забележување, а претставуваат
исклучително важен дел од организационата структура на стадионите или терените
и со нивниот учинок сигурно се подеднакво важни во целиот ланец на активноти за
добра организација на фудбалски натпревар. Затоа, сметам дека овој семинар беше
важен момент за нивно претставување и покажување дека се грижиме за сите кои се
вклучени во фудбалската игра. Имавме можност да слушнеме предавање, теоретско и
практично, од човек кој е специјалист во тој дел и кон таа област се однесува
со еден вид научен пристат. Сакаме да ја подигнеме и свесноста на сопствениците
или управителите на стадионите за важноста и неопходноста да вложуваат труд и
средства за подобрување на условите на терените. Консултантот од ФИФА не
запозна со основните принципи и техники за одржување на терените, а беа
прикажани и напредни техники што на некој начин во блиска иднина треба да стане
наша цел, изјави Димитар Зисовски.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....