Објавено на 27 Ноември, 2017 во Вести, Детски лиги, Семинари
Фудбалската федерација на Македонија во насока на подобрување на квалитетот на одржување и одигрување на натпреварите во Детските лиги, организира семинар и советување за родители чии деца се членови на клубови или тимови кои се натпреваруваат во Детските лиги на ФФМ во Скопскиот регион. Целта на овој семинар и советување е да се подигне свеста на родителите за значењето на ова натпреварување и да се подобри пристапот кон децата кои се носители на сите активности во детските лиги.
Родителите ќе имаат можност да слушнат презентации од областа на спортска и детска психологија, однос родител-спортист-тренер, важноста и значењето на учеството во детските лиги, психомоторен развој и исхрана на детето, како и препораки за однесување на родителите за време на тренинг и натпревари во детските лиги.
Еднодневниот семинар ќе се одржи со следниов распоред:
- Хотел „Континентал“, 05.12.2017 година
Почеток на семинарот е во 10:00 часот, а родителите треба да дојдат во Х.Континетал најдоцна до 09:30 заради пријава и регистрација на присуство. Семинарот завршува во 15:00 часот со заеднички ручек. Ги известуваме родителите дека своето присуство треба да го пријават на координаторот на регионот, Виктор Палоски.