Објавено на 10 Јануари, 2019 во Вести
Фудбалската федерација на Македонија на 12. јануари (сабота) со почеток во 10:00 часот во хотел „Континентал“ организира семинар за доктори од клубовите од 1 и 2 МФЛ и лекарските тимови од Националните селекции.
Одделението за здравство и анти-допинг во ФФМ ги поканува сите заинтересирани доктори кои се вклучени во работата на клубовите од МФЛ да земат учество на семинарот на тема „Ургентни состојби на терен и нивно менаџирање“.