Објавено на 26 Јуни, 2017 во Вести, Детски лиги, Семинари
Фудбалската Федерација на Македонија во насока на подобрување на квалитет на одржување и одигрување натпревари во Детските лиги, организира семинар и советување за родителите чии деца се членови на клубови или тимови кои се натпреваруваат во Детските лиги на ФФМ.
Целта на овој семинар и советување е да се подигне свеста на родителите за значењето на ова натпреварување и да се подобри пристапот кон децата кои се носители на сите активности во детските лиги.
Родителите ќе имаат можност да слушнат презентации од областа на спортска и детска психологија, однос родител-спортист-тренер, важност и значење на учеството во детските лиги, психомоторен развој на детето како и препораки за однесување на родителите за време на тренинг и натпревари во детските лиги.
Овој еднодневен семинар ќе се одржи на 28 Јуни 2017 година со почеток во 10.00 часот во Хотел Континентал во Скопје.
Ги известуваме родителите дека своето присуство со име и презиме задолжително треба да го пријават на еден од следниве мејлови: