Објавено на 26 Септември, 2019 во Вести
Македонската женска А репрезентација на 2.и 5. октомври ќе гиодигра натпреварите од квалификациската група 1 од циклусот за пласман на Европско првенство 2021 година.
За натпреварите на македонската репрезентација од квалификациите за ЕП 2021, селекторот Кирил Изов прати повик до следните фудбалерки:
Голмани: Викторија Панчурова (Тиверија), Суарта Речи (Ас Јунајтед), Лекоска Магдалена (СЦ Истатов);
Одбрана: Павлинка Николовска (Драгон 2014), Маја Ангеловска (Олимпија Љубљана, Словенија), Ѓорѓиовска Јована (Деспина Прилеп), Бошеска Ане (Тиверија), Драгана Костова (Драгон 2014);
Среден ред: Александра Ристовска (Тиверија), Јана Чубриновска (Деспина Прилеп), Милеска Катерина (Деспина Прилеп), Романа Трајковска (Рапресвил, Швајцарија), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Живиќ Јулија (Драгон 2014), Наумовски Адријана (Ајова, САД);
Напад: Ели Јаковска (Конакспор, Турција), Гентјана Рочи (Купс, Финска), Улза Максути (Ас Јунајтед), Димоска Теодора (Тиверија), Хава Мустафа (Шкендија);
Подготовките на нашата женска селекција ќе започнат на 28. септември во Скопје. Квалификациските натпревари меѓу Македонија- Казахстан и Македонија - Србија ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на 2. и 5. октомври со почеток од 15:00 часот.
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...
Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....