Објавено на 18 Октомври, 2019 во Вести, Футсал
Македонската А футсал репрезентација од 24. до 27. октомври ќе ги одигра натпреварите од предквалификациската група за пласман Светското првенство 2020. година. На турнирот кој го организира Фудбалската федерација на Македонија, нашата репрезентација е во група со Словенија, Косово и Украина.
Селекторот на македонската футсал репрезентација, Иван Божовиќ за трите натпревари од групата ќе смета на следните играчи:
Голмани: Антонио Петровски (Проект), Иван Стојановски (Велес), Шефки Бериша (Шкупи); Одбрана: Зоран Левески (Шкупи), Ферид Агуши (Шкупи); Напад: Иван Крстевски (Врање, Србија), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Даниел Де Соуса (Мостар, БиХ), Садат Зибери (Италпол, Италија), Јакуп Рамадан (Нови Пазар, Србија), Драган Петровиќ (Шкупи), Адријан Мицевски (Сквер Дубровник, Хрватска), Џо Арсовски (АБНА Чека, Либан), Сулејман Реџеп (Шкупи), Александар Глигоров (Шкупи), Исмет Чека (Шкупи), Еркан Сефери (Шкупи);
Првиот натпревар од турнирот кој го организираме во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, македонската репрезентација ќе го одигра против Словенија на 24. октомври (20:00 часот). Во второто коло на 25. октомври (17:30 часот) играме против Косово, додека против првиот фаворит во групата, селекцијата на Украина натпреварот ќе го одиграме на 27. октомври (17:30 часот).
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....