Објавено на 28 Јануари, 2016 во Вести, Вести
Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски ги следеше во живо натпреварите на македонските тимови кои се подготвуваат во Анталија, Турција. Неговиот поранешен клуб Работнички ја оствари втората победа во подготвителниот период против Алтин Асир, актуелниот првак Вардар го победи австриски Волфсбергер, а селекторот Ангеловски во живо го проследи и дуелот Шкендија – Ордабаси на кој тетовци победија со убедливи 4:1.
-Исклучително сум задоволен од она што го видов на трите натпревари. Иако се работи за пријателски дуели, сепак резултатите се важни, ретко кога наши тимови победувале на ваков начин. Вардар и Шкендија поседуваат голем квалитет со поединци кои имаат репрзезентативен квалитет. Вардар победи во натптревар против австриски прволигаш, а тоа доволно зборува за добрата работа во тимот. Одиграа одлично второ полувреме. Квалитетот треба да го потврдат не само во домашниот шампионат, туку и во европските купови. Шкендија целосно доминираше против Ордабаси, тим кој воопшто не е наивен, ниту за потценување. Работнички без разлика на промените во играчкиот кадар игра стандардно добро на овие подготовки. Имаат млади играчи со желба да се наметнат и да го покажат квалитетот. Ќе проследам уште по еден натпревар на трите наши екипи.
Селекторот Игор Ангеловски дополнува дека го радува тоа што потенцијалните репрезентативци се дел од тимови кои можат квалитетно да се спротистават на европските екипи.
-Мене како селектор ме радува тоа што потенцијалните репрезентативци се дел од тимови кои не само што не заостануваат, туку делуваат поквалитетно од некои европски екипи. Квалитетот може само да го подигнат преку силни меѓународни натпревари. Јас се надевам дека сите ќе бидат здрави и во добра натпреварувачка форма пред пријателските натпревари на националниот тим против Словенија и Бугарија, дополни Ангеловски.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....