Објавено на 30 Септември, 2016 во До 21 год
Од стандардниот состав се изоставени Елив Елмаз кој ќе игра во квалификации за репрезентацијата до 19 годинини на турнирот во Полска и Филип Пивковски кој има повреда на скочниот зглоб.
Јас не би го издвоил овој натпревар како најважен. Ако не ги одигравме претходните девет натпревари на потребното ниво, овој натпревар немаше ништо да менува. Сите 10 натпревари од квалификациите се подеднакво важни, па така и овој со Шкотска кој ќе го одиграме на домашен терен.
Ние самите како тим сме заслужни што во моментов се наоѓаме на првото место во групата, па со тоа се наметнува желбата и мотивот и на овој последен натпревар играчите повторно да го дадат својот максимум.
Што се однесува до противникот, Шкотска ќе настапи со пет играчи кои беа дел од составот на натпреварот кој го одигравме во гости, додека седум од играчите се нови и доаѓаат од тимот кој играше елитни квалификации за европското до 19 години, во март оваа година. Станува збор за исклучително квалитетни играчи кои играат во тимови како Челзи, Њукасл, Рединг, Селтик, Ренџерс. Ќе бидеме во заблуда ако веруваме дека однапред сме го добиле натпреварот. Ќе треба да одиграме многу подобар натпревар од оној во Шкотска, доколку сакаме да се радуваме на победа.
Мислам дека нашите играчи со своите настапи за репрезентацијата го заслужија вниманието од медиумите и сигурен сум дека јавноста тоа знае да го цени и дека ќе даде максимална поддршка на Националната Арена на 11. октомври! - изјави селекторот Благоја Милевски.
Во продолжение распоредот на тренинзите на репрезентацијата до 21 година:
03 октомври – 16.00 – 18.00 (ФФМ ТРЕНИНГ ЦЕНТАР)
04 октомври – 11.00 – 13.00 (ФФМ ТРЕНИНГ ЦЕНТАР)
05 октомври – 11.00 – 13.00 (ФФМ ТРЕНИНГ ЦЕНТАР)
06 октомври – 11.00 – 13.00 (ФФМ ТРЕНИНГ ЦЕНТАР)
07 октомври – 18.00 – 20.00 (ФФМ ТРЕНИНГ ЦЕНТАР)
08 октомври – 18.00 – 20.00 (ФФМ ТРЕНИНГ ЦЕНТАР)
09 октомври – 18.00 – 20.00 (ФФМ ТРЕНИНГ ЦЕНТАР)
10 октомври – 16.30 – 18.00 (ФИЛИП ВТОРИ АРЕНА )
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....