Објавено на 25 Септември, 2017 во Вести, Вести
Селекторот на најдобрата репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски одбра 23 фудбалери за двата последни натпревари против Италија (6. октомври во Торино) и Лихтенштајн (9. октомври во Струмица) од квалификациите за СП 2018 година во Русија.
-Гостуваме кај четирикратен светски првак, тоа доволно говори за квалитетот. Елмас и Ѓорѓев се наоѓаат на списокот, но ќе бидат отстапени на Милевски за мечот со Србија. Што се однесува за противникот, игра нов систем 4-2-4 и во дуелот е голем фаворит. Воопшто не размислуваме за Лихтенштајн засега, но се освен победа за нас ќе биде неуспех. Прво што ќе биде за нас е дуелот со Италија во Торино, изјави Ангеловски.
Собирот на А репрезентацијата на Македонија е закажан на 2. октомври во 12:00 часот во хотел „Гранд Плаза“ во Скопје.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....