Селекторот Игор Ангеловски ги избра фудбалерите за Израел и Летонија

Објавено на 29 Август, 2019 во Вести, Вести


Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски повика 23 фудбалери за претстојните два натпревари против Израел (5. септември) и Летонија (9. септември) од квалификациите за ЕУРО 2020. 

За двете гостински пресметки нашата најдобра репрезентација ќе ја предводи капитенот Горан Пандев, а меѓу репрезентативците за прв пат ќе биде и напаѓачот на француски Ним, Влатко Стојановски. 

Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дејан Илиев (Серед, Словачка), Дамјан Шишковски (Работнички);

Одбрана: Висар Муслиу (МОЛ Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија), Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед, Ангелија);

Среден ред: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Бобан Николов (МОЛ Фехервар, Унгарија), Стефан Спировски (Ференцварош, Унгарија), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Кире Маркоски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Марјан Радески (Шкендија), Љупчо Дориев (Академија Пандев);

Напад: Горан Пандев (Џенова, Италија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Илија Несторовски (Удинезе, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Крсте Велкоски (Сарајево, БиХ), Влатко Стојановски (Олимпик Ним, Франција); 

Собирот на репрезентацијата е закажан за 2. септември (понеделник) во 12:00 часот во х. „Парк“ во Скопје. 



   
   
А репрезентација