Објавено на 02 Септември, 2015 во Вести, Вести
Владимир Димитровски без одобрување на селекторот Љубинко Друловиќ, без притоа да го информира техничкиот менаџер на А репрезентацијата Саша Ќириќ, самоиницијативно во три часот по полноќ ја напушти базата на националниот тим заминувајќи во друга држава. Одлуката на Владимир Димитровски е причина селекторот да не смета на него на претстојните два натпревари на македонската репрезентација.
-Не сметам на Димитровски, разочаран сум од неговото однесување. Јас сум најодговорниот во селекцијата и очекувам поинаков однос. Хиерархијата мора да се почитува, уште повеќе што сите репрезентативци имаат потпишано кодекс што смеат, а што не е дозволено кога се во А националниот тим. Димитровски ја наруши дисциплината во тимот, а за мене тоа е една од најважните работи. За вакви или слични постапки фудбалерите во останатите репрезентации добиваат драстични казни кои се рефлектираат и на клупските настапи. Не знам каква ќе биде одлуката со Димитровски, но мора на сите да им стане јасно дека ова не е начин да се добие нешто. Да побараше дозвола за било што, можевме да разговараме и да донесеме одлука, изјави селекторот Љубинко Друловиќ.
-Крајно непрофесионално и неодговорно од фудбалер на А репрезентацијата. Како луѓе кои се грижиме се да биде во најдобар ред, репрезентативците да ги имаат најдобрите услови за подготовка , ова се постапки кои создаваат штета и не смееме да ги премолчиме. Ниту еден играч не е над репрезнтацијата и секогаш кога нема да се почитува кодексот на однесување ние ќе реагираме. Со секој фудбалер сакаме да градиме пријателски и фер однос, но мора да има и взаемно почитување. Само на тој начин ќе создадеме компактен тим, добра атмосфера и единство, а тоа е битен предуслов за добри резилтати. Фудбалот е тимска игра, секогаш победува колективот, а не поеднинецот!, изјави техничкиот менаџер на А репрезентацијата, Саша Ќириќ.
Во А репрезентацијата на Македонија за натпреварите со Луксембург и Шпанија дополнително, стручниот штаб на селекцијата одлучи да прати повик до Владица Брдаровски од Вардар и Баже Илијоски од Работнички. Двајцата ќе се стават на располагање на тимот на вечерниот тренинг во 18.30 часот во центарот „Петар Милошевски“.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....