Објавено на 29 Септември, 2022 во Вести, До 19 год жени
Женската млада селекција на Македонија до 19 години во периодот од 4 до 10 октомври во Тбилиси, Грузија ќе биде учесник на квалификацискиот турнир за пласман на Европско првенство 2023 година.
Во групата 6 од Б лигата во рамките на првата рунда квалификации, покрај нашите млади фудбалерки се наоѓаат и селекциите на Грузија (домаќин) и Белорусија.
Првиот меч го играме против Грузија на 4. октомври. Во вториот натпревар од квалификацискиот турнир играме против Белорусија на 7. октомври.
Двата квалификациски натпревари ќе се одиграат во 18. часот.
Селекторот на младата женска селекција до 19 години, Астрит Мерко се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Берна Кабачки (Бергх, Холандија), Кристина Павловска (Истатов);
Одбрана: Симона Ребека Маијер (Истатов), Ефимија Цунева (Тиверија), Едина Сулејмани (Ас Јунајтед), Матеа Блажевска (Скопје), Миа Головска (Скопје), Сара Ефтинџиоска (Деспина), Дајана Ристовска (Каменица Саса);
Среден ред: Ера Стеблева (Ас Јунајтед), Радица Велкова (Тиверија), Сара Мена (Ас Јунајтед), Кристина Мојсоска (Ас Јунајтед), Михаела Настоска (Деспина);
Напад: Јехона Велиу (Ас Јунајтед), Лора Сулејмани (ГПСО 92), Веса Села (Ас Јунајтед), Билјана Панеска (Тиверија), Ајна Исејни (Цирих Фрауен, Швајцарија), Еда Далипи (Ас Јунајтед);
Женската репрезентација на Македонија до 19 години вчера и официјално ги започна подготовките за претстојниот квалификациски турнир во Грузија.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....