Објавено на 07 Март, 2018 во Вести, Вести
Во пресрет на двата пријателски натпревари кои националниот А состав ќе ги одигра во Анталија во март, селекторот Ангеловски го објави списокот на повикани фудбалери.
„Пред нас е една исклучително значајна година и настапот во Лигата на Нации. Во списокот нема поголеми промени.. Сметам дека во овој момент нема простор за експерименти, а освен тоа 2017 беше добра и задоволен сум од сите репрезентативци што беа повикани. Тоа што е добро не треба да се менува. Имаме голема шанса во Лигата на Нации и сакам да го освоиме првото место. Ги следам сите фудбалери и стојам зад изборот што го направив", вели Ангеловски.
Собирот на македонската А репрезантација е предвиден на 18 март во Белек, Анталија, тимот ќе биде сметен во хотел “Глориа“, а натпреварите се закажани на 23. март со Финска и на 27. март со Азербејџан.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....