Објавено на 02 Ноември, 2016 во Вести, До 21 год
Стручниот штаб на репрезентацијата на Македонија до 21 година организира селективен камп за играчи од генерацијата 1996/97 кој ќе се одржи во Охрид од 7. до 11. ноември. Во рамки на селективниот камп ќе бидат одиграни и два контролни натпревари, на 9. ноември со Ренова и два дена подоцна со тимот на прилепска Победа. Селекторот на репрезентацијата Благоја Милевски вели дека не отстапуваат од веќе утврдениот начин на работа во младата селекција, а тоа е да им се даде шанса на играчите кои играат квалитетно и стандардно во своите клубови.
-Кампот е селективен, ќе повикаме играчи кои се стандардни во настапите за своите клубови и кој сметаме дека имаат репрезентативен потенцијал. Не отстапуваме од начинот кои веќе го применуваме во младата селекција, а тоа е да им се даде шанса на играчите кои играат квалитетно и стандардно за своите клубови како еден од основните предуслови да се наметнат и во репрезентацијата. Се надевам дека во следниот период Доријан Бабунски од Олимпија, Јефтовски од Локомотив Пловдив, Стојановски од НК Сплит, Сулејманов од Јанг Бојс ќе добијат шанса за настап во своите клубови бидејќи веќе извесно време немаат натпревари и ќе конкурираат за место во репрезентацијата, вели Милевски.
Предводникот на нашите надежи смета дека новата генерација во составот до 21 година мора да го користи секој слободен термин за запознавање со принципите на работа во селекцијата, за подготовка и воигрување.
-Ние мораме да размислувама за следниот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2019 кој ќе започне во септември идната година. Со генерацијата која има право на настап, а тоа се играчи родени 1996 и помлади имаме малку време и слободни термини за подготовка и воигрување. Оттаму се наметна потребата од организирање на ваков тип кампови. Мартовскиот термин е важна подготовка за Европското првенство во Полска, додава Милевски.
На селективниот камп во Охрид ќе им се даде шанса на играчи од странство кои имаат македонско потекло, а сите повикани фудбалери ќе бидат тестирани со системот Catapult.
-На овие два натпревари ќе ја искористиме можноста да тестираме играчи од дијаспората кои пред се имаат желба и се мотивирани да настапуваат за Македонија, се со цел да имаме јасна слика дали имаат потенција за настап во репрезентацијата. Сите повикани ќе бидат тестирани со системот „Catapult“ кој овозможува мерење на квантитетот на оптоварувањето, интензитетот и волуменот на тренирањето. Физички играчите мора да бидат најдобро подготвени, изјави Благоја Милевски.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....